Вршец

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вршецmap
Remove ads

Вршец (бугарски: Вършец) — град во Северна Бугарија, административен центар на Општина Вршец во Монтанската Oбласт. Има население од околу 5.742 жители (2022).[1]

Кратки факти Вршец Вършец, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Градот се наоѓа во подножјето на врвот Тодорини Кукли, на северните падини на Стара Планина, во јужниот дел на големата Вршечка Котлина покрај реката Ботуња. Градот се наоѓа на 33 км јужно од регионалниот центар Монатана.

Историја

Вршец настанал околу минералните извори и неговата историја е поврзана со балнеотерапијата. Откриени се урнатини од римски бањи.[2] Во турските документи од 16 век населбата се наведува како „Виришниче“.

Во 1910 година била изградена првата државна минерална бања. Таа била тесна за пациентите кои пристигнувале, а во 1930 година била изградена друга поголема, која била во антички стил и била наречена „Новата бања“. Биле изградени вили и хотели на обете страни на „Алејата на чинарите“.

Во 1930-тите, Вршец бил популарно одморалиште меѓу бугарската елита. Бањското казино, кое е во центарот на Вршец, покрај старите и новите бањи, било изградено во 1924 година.

Со Указ бр.546 на Президиумот на Народното собрание од 7 септември 1964 година, Вршец бил прогласен за град.[3]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads