Втор баталјон на Третата оперативна зона

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Втор баталјон на Третата оперативна зона ― воена единица формирана на 30 октомври, 1943 година на планината Кајмакчалан од еден дел борци на баталјонот „Страшо Пинџур“ (113 борци), од придојдените рудари од рудникот „Дудица“, од новодојдените доброволци од Тиквеш и Гевгелија и од припадниците на италијанската чета „Гарибалди“ (28 италијански доброволци).[1][2]

Активност

Во почетокот на ноември 1943 година, со наредба на Штабот на Третата оперативна зона, баталјонот се упатил преку Мариово на велешки терен. Во движењето кон Мариово, на 3 ноември водел борба со бугарските воени единици во реонот на село Витолиште, другиот ден кај селото Полчиште, каде ја уништил полициската станица, а на 6 ноември ѝ полициската станица во село Клиново, а во следниот напад и општината во селото Плетвар. Со наредба на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, на 20 декември 1943 година, овој баталјон влегол во состав на Втората македонска ударна бригада.[1]

Remove ads

Штаб на баталјонот

Штабот на баталјонот го сочинувале:[2]

  • Тихомир Милошевски - командант
  • Пандил Николовски - заменик командант
  • Коле Тоторовски - политички комесар и
  • Киро Спанџов - заменик политички комесар.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads