Клиново
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Клиново — раселено село во областа Мариово, во Општина Кавадарци.
Remove ads
Потекло и значење на името
Постојат повеќе легенди за името на селото. Една од нив вели дека селото го добило името бидејќи било сместено помеѓу два рида, како во клин. Исто така, постои и приказна за тројца браќа, Гале, Климе и Вите, кои ги создале селата Галиште, Клиново и Витолиште.[2]
Географија и местоположба
Клиново се наоѓа во крајниот југозападен дел на Општина Кавадарци, покрај бреговите на Црна Река, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Прилеп.[3] Селото е планинско и се наоѓа на надморска височина од 770 метри.[3]
До селото води локален земјен пат, кој започнува во селото Бојанчиште, додека пред изградбата на Тиквешкото Езеро патот бил покрај Црна Река.[2]
Денес, во самото село скоро и да нема останат објект, освен двете цркви, а многумина имаат подигнато викендички кај вливот на реката Блаштица во Тиквешкото Езеро.[2]
Во 2007 година бил пробиен патот од Блаштица до селото и било овозможено да се оди со возило преку Бојанчиште до викенд-населбата на Блаштица и од тука нагоре до селото.
Remove ads
Историја
По податоците на бугарското воено разузнавање, во 1908 година во селото имало околу 80 куќи и тоа било едно од најбедните и најдивите села во Мариово.[4]
Селото било раселено поради изградбата на браната на Црна Река (Тиквешко Езеро) во 1968 година. При самата изградба на селото имало ветување дека ќе се изгради пат до селото, но и дека ќе се обезбеди брод за да го користат тие што живеат или потекнуваат оттаму. Пред изградбата на селото, клинчани од Кавадарци до селото патувале по пат покрај Црна Река пред да биде потопен од Тиквешкото Езеро.[2]
Во селото никогаш не била обезбедена електрична енергија.[2]
Стопанство
Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 76,8 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 5.801 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 251 хектар, а на пасиштата отпаѓаат 103 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Клиново живееле 650 жители, сите Македонци.[5]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Клиново имало 680 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[7]
Клиново во 1961 година имало 418 жители, македонско население, а во 1994 година, само пет жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото немало жители.[8] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Клиново било село во рамките на Мариовската нахија во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Конопиште.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Мрежичко, во која покрај селото Клиново се наоѓале селата Бојанчиште, Мрежичко и Рожден. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Рожден, во која влегувале селата Клиново и Рожден.
Избирачко место
Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0710 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Бојанчиште, Клиново и Куманичево, кое е сместено во зграда на општината, поранешно основно училиште во селото Бојанчиште.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[15]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Бабина Нива — населба од средниот век;
- Градишта — градиште од железното и римското време и средниот век;
- Градиштанска Црква — населба од доцноантичкото време;
- Грозана — средновековно утврдување;
- Карпуза — средновековна некропола;
- Катуништа — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Колиби — средновековно утврдување;
- Крст — некропола од доцноантичкото време;
- Прекиот Пат — населба од доцноантичкото време;
- Самарџица — средновековна населба;
- Стреј — средновековно утврдување;
- Тумба — утврдена населба од доцноантичкото време; и
- Черњец — населба од доцноантичкото време.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — главна селска црква (во минатото постоела и стара црква);
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — помала нова манастирска црква; и
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — црква во викенд-населбата Блаштица (атар на Клиново).
- Манастири
- Клиновски манастир — нов манастир
- Споменици
- Споменик на НОБ
- Споменик на народниот херој Димката Ангелов Габерот
Remove ads
Редовни настани
- Слави
- Архангел Михаил — главна селска слава.
Личности
- Родени во или по потекло од Клиново
- Васил Филев — револуционер од ВМОРО
- Јованка Ајтова — учесник во НОВ на Македонија
- Трајко Ајтов — учесник во НОВ на Македонија
- Митра Цветкова Грмевска — учесник во НОВ на Македонија
- Неда Колева Георгиева — учесник во НОВ на Македонија
- Неда Илова — учесник во НОВ на Македонија
Галерија
- Спомен-плочата на НОБ
- Главната селска црква „Св. Архангел Михаил“
- Манастирската црква „Рождество на Пресвета Богородица“
- Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во населбата Блаштица
- Споменик на НОБ
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads