Вучеви Ливади (Сарчиево)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вучеви Ливади — археолошко наоѓалиште во штипското село Сарчиево. Претставува населба од доцноантичкото време. Се наоѓа на 2 км југозападно од селото и 1 км десно од патот Штип-Велес, на блага падина во подножјето на Ежов Рид. На површина од 100 × 50 м, со длабокото орање за лозов насад од страна на ЗИК „Црвена ѕвезда“, погон Три Чешми, во 1978 година се уништени темели од повеќе објекти. Покрај многубројниот градежен камен, варов и хидростатичен малтер, тегули и имбрекси, на површината биле исфрлени и големи делкани блокови од камен, делови од стебла на столбови и бази од сивкав и црвеникав камен. Голем е бројот на фрагменти од керамички и стаклени садови, а најдена е и монета од Валентиниј. Пред десетина години теренот бил сопственост на Ангел Панов кој доста често наоѓал монети, главно од Константин I. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Штип.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads