Сарчиево

село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia

Сарчиевоmap
Remove ads

Сарчиево — село во Општина Штип, во областа Овче Поле, во околината на градот Штип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на крајниот северен дел на Општина Штип, во средното сливно подрачје на реката Брегалница, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Карбинци.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 335 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 15 километри.[2]

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1204 кај селото Криви Дол.

Селото се наоѓа на ридско земјиште. На западната страна се наоѓаат обработливи површини насадени со жито, додека источната страна претставува дел од котлината. Во селото има Селска и Солена Чешма и шест бунари, додека водата за пиење доаѓа од една чешма (Селска) и еден бунар. Понатаму во атарот на селото (јужно и западно) избиваат слаби извори: Коцева Чешма, Каменароска Чешма, Јежевска Чешма, Саитова Чешма, Баба Јова и Кукарче.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Врла Страна, Нерезини, Јежево, Маџарица, Средни Рид, Пиково Ридче, Џопа, Длаго Ридче, Алитово Ридче, Чавкарница, Уши, Пулје, Прца, Вучи Ливада, Азмак, Чумец, Мера, Голема Нива, Ѓорговица, Превози и Длаги Чуки.[3]

Селото има збиен тип, поделено на Горно и Долно Маало.[3]

Remove ads

Историја

Подрачјето на Сарчиево било населено уште од доцноантичкото време, за што сведочат остатоците од населба во наоѓалиштето Вучеви Ливади, сместено на 2 километри југозападно од селото.[4]

Јужно од Сарчиево се наоѓа месноста Бел Пат, каде што селаните наоѓале римски гробови. Од нив, денес ништо не се познава, само се знае дека биле поставени во насока исток-запад.[3]

Околу средината на XIX век, земјата околу селото Сарчиево во најголем дел припаѓала на Влавот Димче Ничота од Крушево. Дел од земјата била во посед на Турчинот Аџи-Саит од Штип. Најголем дел од земјата била под трева бидејќи служела како зимска паша на Ничота. Некои ниви до средината на векот биле обработувани од околните села, најмногу од Врсаково.[3]

Со постојано население, селото било населено од средината на XIX век, кога од околните села дошле седум македонски домаќинства. Од нив се родовите Римповци, Каменарци, Тутунковци, Стојкови, Беркови, Пикови и Лецови. Последните два рода повеќе не постојат во селото. Овие доселеници купиле земја од Ничота.[3]

Покрај македонските домаќинства, во селото постоел и мал чифлиг на споменатиот Аџи-Саит. Чифлигот бил обработуван од едно македонско домаќинство (Шијакови), а земјата на чифлигот била купена од селаните во 1915 година.[3]

На месноста Нерезини, источно од селото, селаните во минатото имале винови лози, но тие пропаднале 1912/1913 година. Подоцна, месноста се користела како паша.[3]

За време на српската окупација од 1912 до 1941 година, селото силно настрадало.[5] Селаните Салтир Митрев и Стојан Димев биле одвлечени ноќно време и исчезнале беследно. Покрај овие, во месноста „Спасиј Рид“ од страна на српските војници биле исклани 7 души селани, обвинети за давање помош на бугарската војска. По дигањето на Овчеполскиот бунт, од страна на четата на србоманот Јован Бабунски биле тепани: Ладе Рампов и Трајчо Црнилишки. Пред да бидат јавно тепани, тие биле затворени во турската кула. Бабунски им наредил на четниците да ги тепаат сѐ додека не им ги искршат коските. И двајцата биле прекинати од тепање во половините.[5]

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 9,7 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 532 хектари, на пасиштата отпаѓаат 397 хектари, додека шумско земјиште нема.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сарчиево живееле 90 жители, сите Македонци.[6]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сарчиево имало 112 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Селото е мало и е во фаза на раселување. Така, селото во 1961 година имало 235 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 54 жители, населено со македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 21 жител, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Сарчиево е македонско православно село, а во минатото имало и влашки родови.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1956 година родови во селото се:

  • Македонски родови:
    • Доселеници: Римповци (4 к.), доселени се во средината на XIX век од селото Кадрифаково. И таму биле доселени однекаде; Тутунковци (6 к.), доселени се од селото Амзабегово во Овче Поле. Таму биле староседелци; Стојкови (3 к.), Беркови (3 к.) Шијакови (3 к.), доселени се од селото Врсаково. И во Врсаково биле доселени однекаде; Коцеви (1 к.), доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка; Каменарци (7 к.), Рибарци (2 к.) и Гоцеви (2 к.), доселени се, но не знаат од каде.
  • Влашки родови:

Иселеништво

Во селото се изумрени два македонски рода: Лецови и Пикови, чии предци први се доселиле во селото. Околу 10 семејства живеат во Штип од родовите Римповци (2 к.), Рибарци, Тутунковци, Каменарци, Стојкови и Беркови.[3]

Во поново време, селото има забележано иселување на населението.

Remove ads

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Сарчиево било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Три Чешми, во која покрај селото Сарчиево се наоѓале селата Батиње, Врсаково, Доброшани, Долно Трогерци, Криви Дол, Судиќ, Сушево, Тестемелци, Три Чешми и Чардаклија. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Црвена Sвезда, во која влегувале селата Врсаково, Доброшани, Криви Дол, Сарчиево, Судиќ, Сушево, Тестемелци и Црвена Sвезда.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2286 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Врсаково.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[16]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Петка“
Археолошки наоѓалишта[4]
Цркви[17]

Редовни настани

Слави[3]

Култура и спорт

Сарчиево е познато по тоа што на 8 август 2010 година, селото влегло во Гинисовата книга на рекорди, така што во огромен котел биле зготвени 3.150 литри грав.[18] Сепак, селото го држело Гинисовиот рекорд само кратко време, зашто подоцна, рекордот бил соборен.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads