Вјестоничка Венера

From Wikipedia, the free encyclopedia

Вјестоничка Венера
Remove ads

Вјестоничка венера или Венера од Долни Вјестонице (чешки: Věstonická Venuše) — статуетка од типот „палеолитска Венера“ пронајдена на палеолитското наоѓалиште Долни Вјестонице, јужно од Брно во Моравија, Чешка, на подножјето на ридот Дјевин. Изработена е околу 29.00025.000 г. пр. н. е. (граветска култура) и претставува најстара досега пронајдена керамичка ракотворба, заедно со неколку други најдени во околината.

Кратки факти Вјестоничка Венера, Материјал ...
Remove ads

Опис

Статуетката е висока 111 и 43 мм кај колковите глина, изработена од глина печена на релативно ниска температура.

Ја следи општата морфологија на останатите палеолитски Венери: особено големи гради, стомак и колкови како симбол на плодноста, релативно мала глава и малку детаљи на остатокот од телото.

Палеолитската населба Долни Вјестонице во Моравија почнала систематски да се истражува во 1924 г. по идеја на Карел Абсолон. Покрај статуетката, на наоѓалиштето се пронајдени глинени животни (мечка, лав, мамут, коњ, лисица, носорог и був) и преку 2.000 топчиња од печена глина.

Самата Венера е пронајдена на 13 јули 1925 г. во слој од пепел, скрешена на два дела. Порано стоела изложена во Моравскиот музеј во Брно, но денес се чува во заштитени услови и ретко е достапна за јавноста, обично како дел од патувачки изложби низ земјата. Стручните лица повремено ја испитуваат, со цел да дознаат повеќе за луѓето што ја создале. Во 2004 г. е направена томографска снимка, на која е утрден отпечаток на дете од на возраст од 7 до 15 години, кое ја држело во раце пред да биде ставена на печење.[1]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads