Вљубениот Шекспир
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вљубениот Шекспир (англиски: Shakespeare in Love), познат и како Заљубениот Шекспир — американско-британски драма-филм од 1998 година, режиран од Џон Маден, а продуциран од Марк Норман. Во филмот е опишана љубовната афера на Вилијам Шекспир (го игра Џозеф Фајнс) во периодот кога ја пишувал трагедијата „Ромео и Јулија“. Приказната во филмот е фиктивна, иако некои од улогите се засновани на вистински ликови.
„Вљубениот Шекспир“ освоил седум „Оскари“, меѓу кои „Оскар“ за најдобар филм, „Оскар“ за најдобра глумица (Гвинет Палтроу) и „Оскар“ за најдобра глумица во споредна улога (Џуди Денч).
Remove ads
Историска точност
Филмот не претендира на историска точност и вклучува многу комични анахронизми (како психотерапевт, Шекспир како скока на ферибот и вели: „Следи го тој чамец!“, и Хенслоу како ја предвидува фразата „Шоуто мора да продолжи!“ (анг. „The show must go on!“). Сепак, костимите и прикажувањето на некои познати ликови, посебно кралицата Елизабета Прва, всушност се многу добро направени, и прецизно го прикажуваат расположението и модата на тоа време.
Remove ads
Дејствие
Филмот се занимава со забранетата љубов помеѓу Шекспир (го игра Фајнс) и Виола (ја игра Палтроу) која е благородничка. За да го подмири својот долг кон стопанственикот Хју Фенимем, шекспировиот патрон Хенслоу му нуди на Фенимен партнерство во најновата продукција на последната шекспирова комедија, која се вика Ромео и Етел - ќерката на пиратот. Оваа драма подоцна ќе биде преименувана во „Ромео и Јулија“. Летото 1593 година, писателот Вилијам Шекспир има писателска блокада и бара нова муза. Ја наоѓа во Виола де Лесепс, млада девојка која е инспирирана од неговата работа и вљубена во неговите рими. Иако е забрането од законите и обичаите во 16. век, Виола се облекува како маж и оди на аудиција за улога во неговата нова драма.[2][3]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads