Градишта (Габреш)

средновековна тврдина кај Габреш, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Градишта[1], Кале или Габрешко кале (грчки: Γκρατίτσα, Κάλε, Καϊλάς) — средновековно утврдување кај Габреш, Костурско, Егејска Македонија.[2][3]

Кратки факти Место, Област ...
Remove ads

Местоположба

Остатоците од тврдината се наоѓаат на Д’мбенска Планина меѓу селата Габреш и Брезница. Има визуелна врска со тврдината Градишта на југ.[2][3] Сместена е над десниот брег на Рулска Река, близу параклисот „Св. Антониј“, и го штитела патот крај неа.[1]

Опис

Утврдувањето е искривен трапез со квадратна кула. Друга квадратна кула е во допир со западната ѕидина. Археологот Николаос Муцопулос смета дека бедемската структура на Габрешкото кале ги покажува сите конструктивни особености на Јустинијановото градителство, но претпоставува дека на тоа место треба да имало античко утврдување поради најдената монета на Александар Македонски и делови од римски садови од Антониј Керамопул во поширокото подрачје.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads