Брезница (Костурско)

село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Брезница (Костурско)
Remove ads

Брезница (грчки: Βατοχώρι, Ватохори; до 1927 г. Μπρέσνιτσα, Μπρενίτσα, Бресница, Бреница[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 24 жители (2021), сите Македонци.[3]

Кратки факти Брезница Κώτας, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа 43 км југозападно од Лерин и 29 км северно од Костур. Лежи на северното подножје на планината Орлово во областа Корешта, на надморска височина од 880 м. Покрај самото село тече Брезничка Река.[3]

Историја

Османлиско време

Во XV век во Брезница по име се евидентирани 104 глави на домаќинства.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника" се вели дека во 1873 г. Брезница (Breznitza) е село во Костурската каза со 145 домаќинства и 380 жители Македонци.[5][6] Во 1880-тите Стефан Верковиќ наведува 180 семејства.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Брезница имала 620 жители Македонци.[5][7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Брезница се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 102 куќи.[8]

Веќе на почетокот на XX век грчката пропаганда во селото прилично ослабнала, за сметка на тоа бугарската јакнела. Според грчки податоци, во 1902 г. во селото имало 60 жители под врховенството на Цариградската патријаршија и 40 жители под Бугарската егзархија, а во 1903 г. 65 од првите и 45 од вторите. По Илинденското востание, на почетокот на 1904 г. селото целосно потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Брезница живееле 816 Македонци[5] и 12 Власи, и работело бугарско училиште.[10] Според Георги Константинов Бистрицки Брезница пред Првата балканска војна имака 180 македонски[5] куќи.[11]

Брезница настрадала од нападите на грчките андартски чети во 1905 г.[12]

На почетокот на април 1908 г. турската власт извршила рација за претрес на селото, подложувајќи го населението на измачувања и насилство.[13]

Припојување кон Грција

Thumb
Одликување на војници на Антантата во Брезница како примаат одликувања од генералот Адолф Гијома, 1918 г.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 761 жител.[3] Во 1927 г. грчките власти ја преименувале Брезница во Ватохорион. Пописот од 1928 г. вели дека во имало 605 жители.[3]

Втора светска и Граѓанска војна

За време на Втората светска војна во април 1941 г. Бугарите го заземаат местото, создавајќи чета на паравоената организација „Охрана“.[14] Во 1917-18 г. Боривое Милоевиќ завел 130 македонски куќи.[3]

Брезница многу настрадала во Граѓанскатата војна, па добар дел од населението се иселило во Р Македонија и источноевропските земји.[3] Покрај тоа, во 1960-тите години селото го зафатил масовен бран на иселување во прекуокеанските земји[3] и затоа денес населението е многу мало во однос на тоа пред Граѓанската војна.

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Смрдеш со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Брезница, каде е единственото населено место.

Стопанство

Во селото се одгледуваат разни земјоделски култури и особено квалитетен грав.[3]

Личности

  • Андон Жајков (Αντώνιος Ζάικος) — гркомански андарстски деец, убиен или изгорен жив со синот Лазар (Λάζαρος), исто така андарт[15]
  • Иљо Кољов (1925-1948) — комунистички деец[16]
  • Јован Жајков (Γιάννης, Ιωάννης Ζάικος) — гркомански андартски деец[17] од втора класа, довереник на Германос Каравангелис и Коте Христов, син на Андон и брат на Лазар, учесник во месниот грчки комитет [15]
  • Кано Тодоров Кочовски (?-1907) — деец на ВМОРО, водел битка со турската војска во селото, па се самоубил[18][19]
  • Кољо Косовски — деец на ВМОРО, војвода на центарска чета во Илинденското востание[20]
  • Коста Костадинов (1922-1947) — комунистички деец[21]
  • Панајот Јончев (1877-?) — деец на ВМОРО
  • Петре Жогов (1921 - 1948) — комунистички деец[22]
  • Петар Попгеоргиев (Πέτρος Παπαγεωργίου) — гркомански андартски деец, член на месниот комитет[15]
  • Стерјо Николов — иселенички деец во САД
  • Цветко Панов (?-1904) — деец на ВМОРО
  • Христо Бељо (1934-1949) — комунистички деец[23]
  • Христо Попгеоргиев (Χρήστος Παπαγεωργίου — гркомански андартски деец, член на месниот комитет[15]
  • Христо Спасков (1865-1901) — револуционер на ВМОРО
  • Јане Панов — деец на ВМОРО, војвода на Брезничката чета во Илинденското востание[24]
  • Филип Шашко (р. 1936) — историчар и универзитетски професор
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads