Габреш (Костурско)
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Габреш (грчки: Γάβρος, Гаврос, до 1926 г. Γαβρέσι или Γκαμπρέσι, Гавреси/Габреси)[2] — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Селото отсекогаш било македонско и останало такво до денес.[3]
Remove ads
Географија
Селото е сместено на 12 км северно од Костур во областа Корешта. Лежи на десниот брег на Рулска Река. Селото е практично напуштено. Од другата страна на реката е создадено ново село Корешта (Κορέστια) наречено по областа (службено Неос Икисмос, Νέος Οικισμός). Црквата во Стар Габреш се нарекува „Св. Никола Нови“ (1870), а двата параклиса се „Св. Мина“ и „Пресв. Богородица Пречиста“ („Воведение Богородично“). До „Св. Никола“ е црквата „Св. Никола Стари“ („Св. Модест“) од XVI век.[4] Меѓу Габреш и Брезница се наоѓа Габрешкото кале (Градишта), тврдина од средниот век.[5][6]
Remove ads
Историја
Во Отоманското Царство
Во османлискиот дефтер од 1530 г. Габреш се води како село со 54 семејства.[7] На крајот од XIX век тоа било чисто македонско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Габреш (Gabrèche) е село во Костурската каза со 38 домаќинства сочинети од 115 жители Македонци.[8][9]
Во 1870-тите години во селото е отворено народно училиште. Грчкиот владика Иларион Костурски дошол во Габреш за лично да се обиде да го затвори.[10]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Габреш имал 455 жители Македонци христијани.[8][11]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Габреш е се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 75 куќи.[12]
На почетокот на XX век според грчка статистика, 62 семејства во селото биле егзархиски, а 28 патријаршиски, но по Илинденското востание во 1903 г. сите жители на Габреш преминале под врховенството на Бугарската егзархија.[13] Истата година турските власти не му дозволиле на учителот Сандо Бајов од Нестрам да отвори народно училиште во селото.[14] Во селото веќе работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 600 Македонци под ехзархијата и работело бугарско училиште.[15]
Според Георги Константинов Бистрицки Габреш пред Балканските војни имал 100 македонски куќи.[8][16] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период пишува дека Габреш има 100 куќи на Македонци христијани.[17]
Во Грција
За време на Балканските војни селото е окупирано од грчки единици и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 648 жители. Во 1920 г. тие се намалиле на 509 лица.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Гаврос, грцизирајќи му го името. Во 1928 г. населението се намалило на 405 жители, од кои, според грчки извор, наводно 7 биле грчки доселеници од Турција. Меѓу 1914 и 1919 г. 9 лица од Габреш официално поднеле документи за иселување во Бугарија, а по 1919 г. тоа го направиле уште 7 лица. Во селото имало и едно политическо убиство.[18] Меѓу двете светски војни имало големо иселување во прекуокеанските земји.[3]
За врема на Втората светска војна Габреш бил во италијанската окупациска зона и настрадал од окупаторите.[19] Селото силно настрадало и во Граѓанската војна, и од него се одведени 87 деца-бегалци.[20] Дел од жителите на Габреш пребегале во НР Македонија, а во селото се криеле луѓе од околните села.[3]
По војната почнал уште еден масовен бран на иселување во прекуокеанските земји, што е причина за големиот пад на населението.[3]
Жителите се занимавале со земјоделство, произведувајќи жито, грав и овошје, е делумно живееле и од сточарство.[3]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- Црква „Св. Никола Стари“ („Св. Модест“) од XVI век
- Црква „Св. Никола Нови“ од 1870 г.
- Параклиси
- „Св. Мина“
- „Воведение на пресв. Богородица“ („Богородица Пречиста“)
- Археолошки наоѓалишта
- Градишта (Габрешко кале) — средновековна тврдина
Личности
- Родени во Габреш
- Ангел Бесвински — македонски револуционер
- Димитар Далипов (Димитрис Далипис) — андарт
- Крсте Битовски — македонски историчар
- Стив Ставро — канадски стопанственик од македонската дијаспора
- Апостол Керамитчиев — македонски класичен филолог
- Михајло Керамитчиев — партизан
- Вангел Будина — македонски револуционер
- Наум Дичовски — македонски револуционер[23]
- Наум Пејов — македонски национален и комунистички деец
- Со потекло од Габреш
- Џон Битов Постариот (Лазар Битов; 1928 – 2015) — канадски стопанственик
- Џон Битов (помладиот)Џон Битов Помладиот (р. 1960) — канадски стопанственик и основач на познатиот кошаркарски клуб „Торонто Рапторс“
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads