Гаваљанци
село во Кукушко, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гаваљанци или Гаваланци (грчки: Βαλτούδι, Валтуди; до 1927 г. Γκαβαλιάν, Гаваљан, Γκαβαλιανοί, Гаваљани[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 23 жители (2021). Сè Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во областа Бојмија, на 14 км североисточно од градот Ругуновец.
Историја
Во Отоманското Царство
Во османлиските даночни дефтери на Кукушката каза од 1619-1620 г. селото се води под името Говалљан со 60 даночно обврзани христијански домаќинства.[4]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Гаваљанци (Gavaliantzi) било село во Кукушката каза со 35 куќи сочинети од 190 жители Македонци.[5][6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Гаваљанци било село со 164 жители Македонци.[5][7]
На почетокот на XX век целото население на Гаваљанци било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Гаваљанци (Gavaliantzi) имало 176 Македонци егзархисти и во селото работело бугарско училиште.[8]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Гаваланци имало 30 куќи на Македонци христијани.[9]
Во Грција
Во Втората балканска војна (1913) населението го напуштило селото при настапувањето на грчката војска, бегајќи во Вардарска Македонија. Селото било припоено кон Грција. На нивно место се доселиле 32 лица од Струмичко, колку што имало селото на пописот од 1913 г.[3] По Првата светска војна доселениците се вратиле во нивните села, па така во 1920 г. во Гаваљанци се попишани само 20 жители.[3]
Малку подоцна земјиштето било откупено до големопоседникот Зутос кој денес располага со 600 хектари, обработувани со современа механизација. Во 1928 г. поседот имал население од 59 жители.[3]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности

- Родени во Гаваљанци
- Илија Дилберов (Дилбер Илија) (1877 – 1962) — револуционер, деец на ВМОРО, борец во МОО
- Георги Наков Парадов (1866 – 1938) — војвода на ВМОРО, борец во МОО, Кукушка чета, II чета на XIII Кукушка дружина[10]
- Никола Сатиев (1880 – ?) — војвода на ВМОРО, борец во МОО
- Христо Георгиев (1884 – ?) — четник на Аргир Манасиев,[11] борец во МОО, Кукушка чета, Нестројна рота на XIII Кукушка дружина[12]
- Христо Стаменов — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г.[13]
- Георги Мицов (Гоне Мацов, 1884/1886 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, I чета на XIII Кукушка дружина[14]
- Иван Манолов (1882 – ?) — борец во МОО, I чета на III Солунска дружина[15]
- Јордан Тачев (1884 – ?) — борец во МОО, II чета на XIII Кукушка дружина, Зборна партизанска чета на МОО[16]
- Мирче Костов (1892 – ?) — борец во МОО, III Солунска дружина, носител на бронзен медал[17]
- Христо Пецев (1882/1884 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, II чета на XIII Кукушка дружина[18]
- Починати во Гаваљанци
- Михаил Апостолов - Попето (1871 - 1902) — револуционер
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads