Галактичка нишка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Галактички нишки — најголемите структури во вселената сочинети од ѕидови на гравитациски врзани галактички суперјата. Овие масивни образби налик на конци можат да достигнат големина од 80 мегапарсеци h−1 (160 до 260 милиони светлосни години[1]) и претставуваат граници помеѓу големи празнини.[2]

Образување
Во стандардниот модел за развојот на вселената, галактичките нишки образуваат пајажински низи од темна материја, наречени галактичка пајажина или вселенска пајажина.[3] Се смета дека темната материја ја диктира структурата на вселената во најголеми размери. Темната материја гравитациски привлекува барионска материја, и е „нормалната“ материја која образува долги тенки ѕидови од галактички суперјата.
Remove ads
Откривање
Откривањето на структури поголеми од суперјата почнало кон крајот на 1980-тите. Во 1987 г. астрономот Ричард Брент Тали од Астрономскиот институт при Хавајскиот институт го открил суперјатниот комплекс Риби-Кит. Во 1989 г. е откриен Големиот Ѕид CfA2,[4] проследен од Слоуновиот Голем Ѕид во 2003 г.[5] На 11 јануари 2013 г. истражувачите на чело со Роџер Клаус од Универзитетот на Централен Ланкашир го објавиле откритието на голема квазарска група наречена Огромна Голема Квазарска Група, неспоредливо поголема од дотогаш познатите галактички нишки.[6] Во ноември 2013 г. служејќи се со гама-изблици како појдовни точки, астрономите го откриле Големиот Ѕид Херкул–Северна Круна — неверојатно огромна нишка со големина од 10 милијарди светлосни години.[7][8][9]
Remove ads
Нишки
Нишките во потесна смисла се вид на нишки со приближно сличнни големи и мали полуоски по должинската оска.
- Ади Цитрин и Ноа Брош предложиле кратка нишка откриена со утврдувањето на порамнета нареденост на ѕвездородни галаксии во соседството на Млечниот Пат и Месната Група.[18] Постоењето на оваа нишка, како и на слична пократка нишка е утврдено со проучувањето на Меквин и др. (2014) според далечинските мерења со методот TRGB.[19]
Галактички ѕидови
Галактичкиот ѕид е вид на нишка со значнително поголема голема полуоска отколку малата по должинската оска.
- Предложен е Кентауров Голем Ѕид („Печкин Голем Ѕид“ или „Девичин Голем Ѕид“), кој би го вклучувал Печкиниот Ѕид како негов составен дел (визуелно создаден од Зоната на избегнување) заедно со суперјатото Кентаур и суперјатото Девица, познато и како нашето Месно Суперјато во кое се наоѓа Млечниот Пат (со тоа ова би бил Месниот Голем Ѕид).[22][23]
- Предложен е ѕид како физичко отелотворение на Големиот Привлекувач со јатото Рамнило како негов дел. Понекогаш се нарекува Привлекувачки Голем Ѕид или Рамнилов Ѕид.[24] Овој предлог бил заманет со предлогот за суперјатото Ланијакеја, кое би го опфатило Големиот Привлекувач и суперјатата Девица и Водна Змија-Кентаур.[25]
- Во 2000 г. е предложен ѕид сместен на z=1,47 во близина на радиогалаксијата B3 0003+387.[26]
- Во 2000 г. е предложен ѕид сместен на z=0,559 во северниот дел на сликата Длабоко поле на „Хабл“.[27][28]
Карта на најблиски галактички ѕидови

Големи квазарски групи
Големите квазарски групи (ГКГ) се едни од најголемите познати структури.[29] Има теорија дека тие се протохиперјата/протосуперјатни компекси/претходници на галактички нишки.[30]
Суперјатен комплекс
Remove ads
Карти на големиразмерната распределеност
- Вселената во далечина од милијарда светлосни години (307 Мпс) од Земјата. Прикажани се месните суперјата кои образуваат нишки и празнини
- Карта на најблиските ѕидови, празнини и суперјата
- Карта на прегледот 2dF со Слоуновиот Голем Ѕид
- Инфрацрвена карта на небото од 2MASS
Поврзано
- Список на најголеми структури во вселената
- Галактичко јато
- Суперјато
- Видлива вселена
- Празнина (астрономија)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads