Ланијакеја

галактичко суперјато From Wikipedia, the free encyclopedia

Ланијакеја
Remove ads

Ланијакеја (хавајски: Laniakea - „неизмерни небеса“)[2]галактичко суперјато во кое е смстен Млечниот Пат и околу 100.000 други околни галаксии. Определено е во септември 2014 г. кога група астрономи како Р. Брент Тали од Хавајскиот универзитет, Елен Куртоа од Лионскиот универзитет, Јехуда Хофман од Еврејскиот универзитет во Ерусалим и Даниел Помаред од Париз-Сакле објавиле нов начин на определба на суперјатата според релативните брзини на галаксиите.[3][4] Според новата определба, суперјатото Девица дотогаш сметано за месно влегува во Ланијакеја како нејзин крак.[5][6][7][8][9]

Кратки факти Ланијакеја, Податоци од набљудување (епоха J2000) ...
Thumb
Карта на суперјата во блиската вселена. Ланијакеја е со жолто.
Видео со Ланијакеја и околните суперјата и галаксии во 3Д-претстава

Понатамошните изучувања укажуваат на тоа дека суперјатото Ланијакеја не е гравитациски врзано. Ова значи дека со време тоа ќе се растури, и нема да ја задржи својата необична густина во однос на околните подрачја.[10]

Remove ads

Особености

Суперјатото Ланијакеја опфаќа околу 100.000 галаксии кои се протегаат 160 мегапарсеци (520 милиони светлосни години). Има приближна маса од 1017 сончеви маси или 100.000 пати поголема од нашата галаксија, што е речиси иста со масата на суперјатото Часовник.[3] Има четири составни делови, кои порано се сметале за одделни суперјата:

  • Девица, во која се наоѓа Млечниот Пат.
  • Водна Змија-Кентаур
    • Голем Привлекувач, средишната гравитациска точка на Ланијакеја близу јатото Рамнило
    • Пумпин Ѕид, наречен и суперјато Водна Змија
    • Кентаур
  • Паун-Индијанец
  • Јужно Суперјато, со облаците Печка (S373), Златна Рипка и Еридан.[11]

Најмасивни галактички јата во суперјатото Ланијакеја се Девица, Водна Змија, Кентаур, Ејбел 3565, Ејбел 3574, Ејбел 3521, Печка, Еридан и Рамнило. Сето суперјато се состои од 300 до 500 познати галактички јата и групи. Вистинскиот број може да е многу поголем бидејќи некои од нив ја патуваат по Зоната на избегнување, подрачје на небото прикриено од гас и прашина од галаксијата Млечен Пат, што ги прави невидливи.

Суперјатата се меѓу најголемите структури во вселената и имаат тешко одредливи граници, особено однатре. Во секое суперјато, највеќето галактички движења се насочени навнатре кон тежиштето. Во случајот на Ланијакеја, ова гравитациско жариште се нарекува Голем Привлекувач и влијае врз движењата на Месната Група на галаксии (во која е Млечниот Пат) си сите други во суперјатото. За разлика од нејзините составни јата, Ланијакеја не е гравитациски врзана и се предвидува дека ќе биде растргната од темна енергија.[7]

Иако постоењето на суперјатото Ланијакеја е потврдено во 2014 г.[3] предлогот за повразност на неколку суперјата е даден уште во 1980-тите. На пример, јужноафриканскиот астроном Тони Ферол во 1988 г. изјавил дека црвените поместувања укажуваат на сврзаност помеѓу суперјатаат Девица и Водна Змија-Кентаур.[12]

Remove ads

Местоположба

Во околина на Ланијакеја се суперјатата Шеплиево, Херкул, Береникина Коса и Персеј Риби. Рабните граници помеѓу Ланијакеја и нив не биле јасно познати кога се определувала Ланијакеја.[6] Оттогаш изучувањето на овие граници е мошне напреднато.[13][14]

Самата Ланијакеја е составен дел на суперјатниот комплекс Риби-Кит, кој претставува галактичка нишка.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads