Галоиталски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Галоиталските јазици[1][2][3][4][5] се генетска група на романското јазично семејство. Сè уште се смета за спорна нивната точна припадност: дали спаѓаат во галороманската или во италодалматинската гранка.[6] Венецијанскиот обично се смета за припадник на друга дијалектна група,[4] но некои го сместуваат во галоиталските говори.[7]
Remove ads
Географска распределба

Овие јазици традиционално се говорат во северна Италија, јужна Швајцарија, Сан Марино и Монако, иако денес во значајна мера се истиснати од италијанскиот јазик. Речиси сите говорници се двојазични. Истите се говорат поактивно од дијаспората, во земјите со северноиталијански доселеници. Во Монако, лигурскиот има пропишан законски статус заедно со моначкиот (негов дијалект).
Remove ads
Класификација
- Галоиталски јазици
- пиемонтски
- лигурски
- ломбардски
- западноломбардско наречје
- источноломбардско наречје
- емилискоромањолски јазици
- емилиски
- ромањолски
Поврзано
- Јазици во Италија
- Романски јазици
- Италски јазици
Наводи
Библиографија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads