Германски јазици

From Wikipedia, the free encyclopedia

Германски јазици
Remove ads

Германски јазици — јазична група, дел од семејството на индоевропски јазици. Германските јазици се зборуваат од над 500 милиони луѓе. Германските јазици се зборуваат во Западна, Северна и Централна Европа, како и во Америка и Океанија.

Не е исто со германски јазик.
Кратки факти Германски јазици, Народност: ...

Во групата на западногермански јазици спаѓаат трите најзборувани германски јазици: англиски со околу 360–400 милиони говорници;[1][nb 1] германски, со над 100 милиони говорници;[2] и холандски, со 24 милиони говорници. Други западногермански јазици се африканс, настанат од холандскиот кој го зборуваат Африканерите во Јужна Африка, со над 7.1 милиони говорници;[3] долногерманскиот, кој се смета за засебна група на нестандардизирани дијалекти, со околу 4.35–7.15 милиони говорници и околу 6.7–10 милиони луѓе кои можат да го разберат[4][5][6] (околу 2.2 милиони во Германија (2016)[5] и 2.15 милиони во Холандија (2003));[7][4] јидиш, зборуван од околу 13 милиони Евреи пред Втората светска војна во Европа,[8] а денес со околу 1.5 милиони говорници; шкотски, со 1.5 милиони говорници; лимбуршки со приближно 1.3 милиони говорници долж холандскобелгискогерманската граница; и фризискиот со околу 500,000 говорници во Холандија и Германија.

Најголеми северногермански јазици се шведскиот, данскиот и норвешкиот, кои се делумно меѓусебно разбирливи и заедно имаат околу 20 милиони говорници во нордиските земји и дополнително уште пет милиони говорници како втор јазик; во Средниот век овие јазици биле под силно влијание на среднодолногерманскиот јазик, кој спаѓа во групата на западногермански јазици, и според различни проценки околу 30–60% од нивниот вокабулар има долногерманско потекло. Други јазици во оваа група се фарскиот, исландскиот и елфдалскиот, кои се поконзервативни и без значајно влијание од долногерманскиот, имаат посложена граматика и ограничена меѓусебна разбирливост со другите северногермански јазици.[9]

Во групата на источногермански јазици спаѓаат готскиот, бургундскиот и вандалскиот јазик, од кои сите се изумрени. Последен изумрел кримско-готскиот јазик, кој бил зборуван до крајот на 18ти век во некои изолирани подрачја на Крим.[10]

Remove ads

Германски јазици

Симбол:

† - мртви јазици, вештачки зачувани во црквата или познати на науката по текстови.

Remove ads

Класификација

предримско железно доба
500 – 100 BC
рано
римско железно доба
100 BC – 100 AD
доцно
римско железно доба
100 – 300
миграциски период
300 – 600
ран среден век
600 – 1100
среден век
1100 – 1350
доцен среден век2
1350 – 1500
ран современ период
1500 – 1700
современ период
1700 - денес
прагермански јазик западногерамснки јазици херминонски јазик
(елбско-герамански)
примитивен
горногермaнски
старогорногермански јазик,
лангобардски јазик1
среден горногермански јазик ран нов
горногермански
горногермански јазици
германски јазик
истевонски јазик
(весерско-рајнски)
примитивен франкски старофранкски јазик стар централен
германски
среден горногермански јазик ран нов
горногермански
горногермански јазици
стар нискофранконски јазик
(старохоландски јазик)
ран лимбуршки
среднохоландски јазик
доцен лимбуршки
среднохоландски јазик
ран лимбуршки јазик лимбуршки јазик
ран
среднохоландски јазик
доцен
среднохоландски јазик
ран
современ холандски
холандски јазик
африканс
ингвионски јазици
(северноморски германски)
примитивен саксонски
(југоисточен ингвионски)
старосаксонски јазик среден
долногермански
долногермански јазици
англо-фризиски јазици
(северозападни
ингвионски)
примитивен фризиски старофризиски јазик среднофризиски јазик фризиски јазици
примитивен англиски староанглиски јазик
(англосаксонски)
ран средноанглиски јазик доцен
средноанглиски јазик
ран современ англиски јазик англиски јазик
ран шкотски германски јазик3 среден шкотски германски јазик шкотски германски јазик
северногермански јазици пранордиски јазик рунски
старозападнонордиски јазик
староисландски јазик доцен
староисландски јазик
исландски јазик
старонорвешки јазик6 старофарски јазик фарски јазик
старонорнски јазик норнски јазик исчезнат4
рунски
староисточнонордиски јазик
среднонорвешки јазик норвешки јазик
ран
стародански јазик
доцен
стародански јазик
дански јазик
ран
старошведски јазик
доцен
старошведски јазик
шведски јазик
далекриски дијалекти
рунски
старогутниски јазик
ран
старогутниски јазик
доцен
старогутниски јазик
гутниски јазик исчезнат5
источногермански јазици готски јазик (недокументирани
готски дијалекти)
кримско-готски јазик исчезнат
вандалски јазик исчезнат
бургундски германски јазик исчезнат
Remove ads

Статус

Англискиот е службен јазик во Белиз, Канада, Фолклендски Острови, Нов Зеланд, Јужна Африка, Филипини, Порторико, Гуам и поранешните колонии на Британија во Азија, Африка и Океанија. Де факто јазикот е службен во САД, Велика Британија и Австралија.

Германскиот е службен во Германија, Австрија, Швајцарија и Лихтенштајн. Иако Германија имала колонии, јазикот не станал доминантен во тие области, како што е примерот во Намибија. Германскиот има одреден степен на официјализирање во Луксембург, Белгија, Италија, Полска и Данска.

Третиот најголем германски јазик е холандскиот. Тој е службен во Холандија, Аруба, Белгија, Курасао, Свети Мартин и Суринам. Шведскиот е службен во Шведска и Финска. Останатите германски јазици се официјални само во своите матични држави.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads