Гартов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Гартовmap
Remove ads

Гартов (германски: Gartow) — општина во округот Лихов-Даненберг, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на крајниот исток од Долна Саксонија, недалеку од реката Елба, околу 30 километри североисточно од градот Залцведел и 20 километри западно од Витенберге.

Кратки факти Земја, Местоположба на Гартов во рамките на округот Лихов-Даненберг ...

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Remove ads

Географија

Местоположба

Гартов се наоѓа во историската област Вендланд на западниот брег на реката Зеге, лева притока на Елба. Од 1970-тите години, реката Зеге е проширена во вештачко езеро, направено северно од Гартов. Местото е опфатено во биосферниот резерват Долносаксонски Елбталауе. Јужно од Гартов се протега големо шумско подрачје познато како Гартовер Танен. Највисоката точка изнесува 32 метри.

Низ местото поминува сојузниот пат Б493 помеѓу Лихов и Шнакенбург.

Општински единици

Општината Гартов се состои од следниве три места:

  • Гартов
  • Лаше
  • Нинвалде (познато како Ниндорф кај Гартов до 16 март 1936 г.)[2]
Remove ads

Знаменитости

Во Гартов се наоѓа предавател за радио и телевизиски пренос со кули високи над 300 метри. На 20 август 2009 година, помалата кула била срушена со експлозиви. До повторното обединување на Германија, овој предавател бил исто така користен за директна радиоврска со поранешен Западен Берлин.

Во соседниот Горлебен е планирано складиште за јадрен отпад. Ова довело до многу контроверзи и протести во областа.

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads