Алфредо Бинда

велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Алфредо Бинда
Remove ads

Алфредо Бинда (италијански: Alfredo Binda; 11 август 1902 19 јули 1986 )[1][2]италијански професионален друмски велосипедист. Бил прв кој освоил пет изданија на Џиро д’Италија и трикратен светски првак. Исто така, победил двапати на Милано-Санремо и четирипати на Џиро ди Ломбардија.

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...

Подоцна бил селектор на италијанската репрезентација. Со него, Фаусто Копи, Џино Бартали и Гастоне Ненчини победиле на Тур де Франс.

Remove ads

Ран живот

Бинда се родил во Читилјо близу Варезе, но се преселил во Ница, јужна Франција, како младинец. Нашол работа со неговиот вујко како малтерисувач, додека во слободно време возел велосипед. Започнал со трки во септември 1921 година, на 19 години. Ја освоил својата прва трка (иако подоцна бил дисквалификуван) и уште тогаш се гледало дека бил надарен за хронометри и искачувања.

Бинда бил трубач, поради што го добил прекарот „Трубачот од Читилјо“ (Trombettiere di Cittiglio).[3]

Remove ads

Кариера

Поттикнат од наградата од 500 лири за планинскиот пласман на искачувањето Гизало, Бинда возел од Ница до Милано со цел да настапи на Џиро ди Ломбардија 1924. Ја освоил наградата, завршил четврти на трката и ведна му бил понуден професионален договор со екипата Лењано.

Џиро д’Италија 1925 било последното за легендарниот „кампионисимо“ Костанте Џирарденго. Цела Италија се надевале дека ќе победи и поразот од Бинда, 23 годишен дебитант било многу непосакувано. Поради тоа, Џирарденго продолжил да вози и двајцата развиле остро и длабоко лично соперништво. Како силата на Џирарденго слабеела, Италијанците се надевале на Доменико Пјемонтези да го сруши Бинда, но како и повеќето не успеал.

Во 1929 година, Џирарденго „открил“ неверојатно талентиран велодромски возач од Венето, Леарко Гуера. Го назначил за негов наследник, новиот „анти-Бинда“. Гуера го заменил Џирарденго и бил омилен помеѓу публиката. Ја уживал поддршката од Националната фашистичка партија, како и од печатот и пошироката спортска јавност. Бинда, од друга страна, јавно објавил дека не е заинтересиран да биде „спетаколо“. Бил едноставен и освојувал трки. Секој пат кога ќе ги поразел Гуера, антипатијата кон него растела. Додека Гуера бил отворен, Бинда бил сметан за ладен, оддалечен, па дури и надуен.

Толку бил доминантен што Газета дело Спорт му понудила 22.500 лири да го пропушти Џиро д’Италија 1930. Наместо тоа, настапил на Тур де Франс 1930, каде освоил две етапи. До 1932 година, кога го освоил Светското друмско првенство во Рим, публиката не го сакал.

Победил на Џиро вкупно пет пати во 1925, 1927, 1928, 1929 и 1933 година. Во 1933 по првпат бил вклучен и планинскиот пласман, кој Бинда го освоил исто така. Покрај овие победи, освоил 41 поединечна етапа (рекорд срушен дури во 2003 година од Марио Чиполини). Во 1927 година освоил 12 од 15 етапи, а во 1929 година освоил 8 последователни етапи.

На Светските првенства, Бинда бил исто така многу успешен. Победил трипати во 1927, 1930 и 1932 година (рекорд изедначен од Рик ван Стенберген, Еди Меркс и Оскар Фреире). Дополнително завршил трет во 1929 година. Додека се повлекол освоил над 120 трки, вклучувајќи ги четирите победи на националните првенства.

Постои велосипедски клуб со неговото име.[4]

Thumb
Бинда на Џиро д’Италија 1927
Remove ads

Достигнувања

1925
1. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 6
1. Џиро ди Ломбардија
1926
1. Џиро ди Ломбардија
1. Џиро дел Пиемонте
Џиро д’Италија
1. Етапа 3
1. Етапа 6
1. Етапа 7
1. Етапа 9
1. Етапа 11
1. Етапа 12
1. Италија Национално друмско првенство
1927
1. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Етапа 6
1. Етапа 7
1. Етапа 8
1. Етапа 9
1. Етапа 10
1. Етапа 12
1. Етапа 14
1. Етапа 15
1. Светско друмско првенство
1. Џиро ди Ломбардија
1. Џиро дел Пиемонте
1. Италија Национално друмско првенство
1928
1. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 10
1. Етапа 11
1. Џиро дел Венето
1. Италија Национално друмско првенство
1929
1. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 6
1. Етапа 7
1. Етапа 8
1. Етапа 9
1. Милано-Санремо
1. Италија Национално друмско првенство
1930
1. Светско друмско првенство
Тур де Франс
1. Етапа 8
1. Етапа 9
1931
1. Милано-Санремо
1. Џиро ди Ломбардија
Џиро д’Италија
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1932
1. Светско друмско првенство
1933
1. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Планински пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 8
1. Етапа 9
1. Етапа 10
1. Етапа 13
1. Етапа 17

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads