Еди Меркс

друмски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Еди Меркс
Remove ads

Едуард Луј Жозеф, Барон Меркс (роден на 17 јуни 1945 во Меензел-Кизегем, Белгија[1]), познат како Еди Меркс е поранешен белгиски професионален велосипедист. Францускиот магазин Vélo го нарекол „најголемиот велосипедист којшто светот некогаш го познавал."[2] Од американското издание VeloNews е наречен „најголемиот и најуспешен велосипедист на сите времиња“.[3] Во својата кариера, Меркс победил по 5 пати на Трката околу Франција и Трката околу Италија, еднаш на Трката околу Шпанија. Тој исто така станал светски првак како аматерски и професионален возач и го урнал рекордот во трката на еден час. Победил и на сите класични трки, освен на Париз-Тур.[2]. Тој е познат и како друмски и како велодромски велосипедист.

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...

Еди Меркс бил познат како многу други познати во спортисти во другите спортови. Иако, Марк Шпиц освоил 7 златни медали на Олимписките игри во Минхен во 1972, а Мохамед Али бил неприкосновен на крајот од 1960-тите и 1970-тите, сепак реално, Еди Меркс е најголемиот спортист во тој период во светот.

Го нарекувале Ајнштајн на две педали и Гигант.

Се чини покрај трката Париз-Тур, единствена друга победа која му недостига е победа на Олимписките игри. На Олимписките игри настапил само еднаш, и тоа на Олимписките игри во Токио во 1964, на кои на друмската трка во поединечна конкуренција го освоил 12. место. Подоцна како професионалец и поради крутите аматерски принципи, му било оневозможено да настапи на Олимписките игри.

Споредбата со другите великани во велосипедизмот е излишна. За разлика од многумина, кои во годината имале 50 натпреварувачки денови, Еди Меркс имал над 200.

Remove ads

Наводи

Додатна литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads