Геноцид на Ромите

From Wikipedia, the free encyclopedia

Геноцид на Ромите
Remove ads

Геноцидот на Ромите бил напор на нацистичка Германија и нејзините сојузници во Втората светска војна да се изврши етничко чистење и евентуално геноцид насочен кон Ромите во Европа.[1]

Thumb
Група на Синти и Роми чекаат да бидат депортирани, фотографирано во Асперг, Германија, мај 1940 г.

Под власта на Адолф Хитлер, на 26 ноември 1935 година е донесен дополнителен указ во Нирнбершките закони со кој Ромите се класифицирани како „непријатели на расната држава“, со што биле ставени во истата категорија со Евреите и Полјаците. На одреден начин судбината на Ромите во Европа постигнала паралела со онаа на Евреите во Холокаустот.[2]

Историчарите проценуваат дека меѓу 220.000 и 500.000 Роми биле убиени од нацистите и нивните соработници — процентуално бројките варираат од 25% до повеќе од 50% од Ромите во Европа во тоа време, кои според некои проценки биле околу 1 милион.[2] Подоцнежните истражувања, цитирани од Јан Хенкок, го процениле бројот на жртвите на околу 1,5 милион од околу 2 милиони Роми.[3]

Во 1982 година, Западна Германија официјално признала дека Германија извршила геноцид против Ромите.[4][5] Во 2011 година, Полска официјално го усвоила 2 август како ден на сеќавање на геноцидот на Ромите.[6]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads