Георги Поп Христов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Георги Поп Христов — македонски револуционер, член, раководител и војвода Македонската револуционерна организација.
Животопис
Тој е роден во 1876 година во селото Крстоар, Битолско. Образованието го завршил во с. Буф на грчки јазик. Продолжил егзархиско основно образование во своето село. Завршил прогимназија во Битола. По една година учителствување во своето родно село, го продолжил образованието во Солун. Во учебната 1895-96 година се вработил како учител во Кавадарци каде и се вклучува во револуционерното дело. Од 1900 година бил учител во Бугарско основно училиште во Битола.
На 12 февруари 1902 год. е уапсен и осуден на смрт. Амнестиран е во февруари 1903 год. Учествувал на Смилевскиот конгрес во мај 1903 г. како претставник од Битола. За време на востанието бил војвода во Леринско. По востанието доаѓа во Бугарија, но во пролетта 1904 година се враќа во Македонија. Активно делува во обновување на Организацијата во Битолско, Костурско и Леринско. Во мај 1904 година учествува како делегат на Прилепскиот конгрес. Следната 1905 год. учествува на Рилскиот конгрес.
Учествува во Балканските војни и во Првата светска војна, по што се населува во Бугарија. Во 1925 година на конгресот во с. Србиново е избран за член на ЦК на ВМРО. Тесно соработувал со Александар Протогеров. По убиството на Протогеров, по наредба на Иван Михајлов во 1931 година се повлекува од активно учество во Организацијата. Умрел во 1962 година во Софија.
Автор е на книгата „Револуционерната борба в Битолски округ“ издадена во Софија, во 1953 година.
Remove ads
Мисли на Поп Христов
„ | ...Сфатив дека идејата се состои главно во будење на бугарштината и затоа самиот агитирав во тој дух по околните гркомански села, како на пример во Буково... [1] | “ |
Надворешни врски
- Говор на Георги Поп Христов во БНР, 1961 година
Белешки
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads