Георги Шкорнов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Георги Шкорнов
Remove ads

Георги Шкорнов, познат како Ѓакон Евстатиј или Црниот војвода[1][2] (12 февруари 1873 - 20 март 1935) — македонски револуционер и ресенски војвода на Внатрешната македонско-одрински револуционерна организација.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Шкорнов е роден во 1873 година во костурско село Нестрам, тогаш во Османлиското Царство, денес Несторио, Грција. Син е на Марија и Димитар Шкорнови, татко му е трговец на волна и 15 години бил кмет на Нестрам. На 15 години станува послушник во Зографски манастир, каде што го прифаќа името Евстатиј. Во 1896 година завршува бугарската католичка гимназија во Солун. Служи како ѓакон во бугарската црква во романската престолнина Букурешт, но во 1903 година е привлечен кон македонското ослободително движење од Даме Груев и се вклучува во четата на Борис Сарафов.

На Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ, Ѓакон Евстатиј е избран за член на горското началство во Ѓаватколскиот револуционерен реон. Учествува во Илинденското востание, по задушувањето на востанието гостанува во Македонија и заедно со Даме Груев го обиколува Битолскиот и Солунскиот револуционерен округ. Во 1906-1907 година е околиски војвода во Ресенско. Во 1908 година е делегат на Ќустендилскиот конгрес.

Во Првата балканска војна, Ѓакон Евстатиј е војвода на партизанска чета (вод) № 29 на Македонско-одринското ополчение, составена од 14 луѓе. Влегува во Македонија со четата на Григор Џинџифилов и водат борба на врвот Чавките. Ги ослободуваат Сборско (14.X), Кронцелево (18.X), Почет (24.X) и други, а до 28.X ги протееруваат од турски сили од Мегленско. Со воспоставувањето на грчката власт се повлекува на бугарска територија, а подоцна е во Здружената партизанска чета на МОО за време на Втората балканска војна[3].

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads