Григор Џинџифилов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Григор Џинџифилов или Џинџифилев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, воденски војвода на Македонската револуционерна организација и МОО.
Животопис

Џинџифилов е роден во 1877 г. во градот Воден, тогаш во Отоманското Царство, денешна Грција.[1] Завршил ІІІ клас во Воден. Стапил во ВМОРО и станал комита во четата на Димитар Занешев, а подоцна двајцата биле заменици војводи на Лука Иванов.[2]
За време на Првата балканска војна во 1912 година, тој бил доброволец во МОО и бил војвода на чета со 12 луѓе, а подоцна на воденската чета. Навлегол во Македонија со четата на Евстатиј Шкорнов и воделе борба на врвот Чавките. Ги ослободиле селата Зборско (14 октомври), Кронцелево (18 октомври), Почеп (24 октомври) и други, а до 28 октомври го ослободиле цело Мегленско.[3]
По крајот на војните, Џинџифилов бил гонет од новите грчки власти, но успеал да избега.[23] Подоцна служел во XIV воденска дружина.[24] По Првата светска војна се преселил во Бугарија. По обновувањето на ВМРО бил војвода на чета во Гевгелиско. Во 1924 г. учествувал како делегат на Солунскиот окружен конгрес на ВМРО и бил избран за член на окружното раководство.[25] Живеел во Несебар заедно со братучед му Димитар Занешев, каде и починал од туберкулоза.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads