Геракари
село во Лагадинско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Геракари (грчки: Γερακαρού, Јеракару) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.080 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина, помеѓу Лагадинско Езеро и Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 136 метри.
Историја
Во XIX век Геракари е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство, со алтернативно турско име Доганџи. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 45 семејства со 146 жители муслимани и 52 Грци[2]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 115 Грци[3].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.
Remove ads
Култрни и природни знаменитости
- Црква „Св. Ѓорѓи“ од XIX век
- Црква „Рождество на пресв. Богородица“ од XX век — парохиска црква
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads