Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Геракари

црква во Геракари, Лагадинско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Рождество на Пресвета Богородица (грчки: Γεννήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Геракари, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Кратки факти Рождество на Пресвета Богородица, Место ...

Црквата е изградена во XX век и се наоѓа во северниот дел на селото, на 100 м јужно од постарата црква „Св. Ѓорѓи“. Претставува трикорабна базилика со камбанарија на запад. Во храмот се пренесени вредните предмети од постарата црква. Има 11 преносливи икони и 10 старопечатени книги. Особено вредна е поклоничката икона на Христос Седржител со Свети Јован Богослов сместена во јужниот кораб, која веројатно датира од XVI век.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads