Црква „Св. Ѓорѓи“ - Геракари

црква во Геракари, Лагадинско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Свети Ѓорѓи (грчки: Ναός Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Геракари, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Кратки факти Свети Ѓорѓи, Место ...

Црквата е гробишен храм, сместен во северниот дел на селото. Сè до изградбата на црквата „Рождество на пресв. Богородица“, ова бил парохиски храм на селото.[1] Црквата е изградена во XIX век и била метох на светогорскиот манастир Григоријат. Во првата фаза веројатно бил еднокорабен. Подоцна претрпел бројни интервенции и проширувања, претворајќи го во трикорабна базилика со затворен трем на запад и југ и полукружна апсида на исток. Внатре има дрвен иконостас од XIX век со растителни украси. На иконостасот има неколку преносливи икони од првобитниот инвентар на црквата. Останатите вредни предмети се пренесени во „Рождество на пресв. Богородица“.[2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads