Глинде
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Глинде (германски: Glinde) — град во округот Штормарн, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во северна Германија. Градот се наоѓа околу 20 километри источно од Хамбург.
Remove ads
Историја
Името Глинде било првпат споменато во документ од 25 март 1229 година. Во документот, грофот Адолф IV на Шауенбург и Холштајн го доделил селото на цистерцијанскиот манастир (манастирот подоцна бил преместен во денешниот град Рајнбек). Кралот на Данска и војвода на Шлезвиг, Фредерик I го одзел поседот од манастирот во текот на реформацијата. Во 1544 година, неговиот син Кристијан III го поделил со неговите браќа.
Во 1948 година, Глинде, Остштајнбек, Хафигхорст и Шенингштет биле здружени во општинската заедница Глинде. Откако Шенингштет, а подоцна и Хафигхорст (1949) ја напуштиле општинската заедница, Глинде и Остштајнбек станале слободни општини во 1978 година.
На 24 јуни 1979 година (750-годишнината на селото), Глинде добило градски права.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads