Штормарн

округ во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Штормарнmap
Remove ads

Штормарн (германски: Stormarn) — округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од север надесно) окрузите Зегеберг и Источен Холштајн, слободниот град Либек, округот Војводство Лауенбург и градот-држава Хамбург.

Кратки факти ШтормарнKreis Stormarn, Земја ...
Remove ads

Историја

Во средновековниот период, името Штормарн се однесувало на поголема област, на која сегашниот округ ја зафаќа само источната половина. Бил дом на саксонското племе Штурмари.

Штормарн станал дел од Холштајн во XII век. Кога Шлезвиг-Холштајн станал покраина на Прусија во 1867 година, пруската администрација го основала округот Штормарн, со Вандсбек како негово административно седиште. Во 1937 година, југозападниот дел на округот бил припоен кон Хамбург, а округот го загубил половина од своето население. Оттогаш, Вандсбек е округ на Хамбург, а главниот град бил префрлен во Бад Олдесло по војната. Во 1970 година, Штормарн повторно изгубил значаен дел од неговата територија, кога бил создаден градот Нордерштет со цел да стане дел од округот Зегеберг.

Remove ads

Географија

Реката Траве тече низ округот пред да се влие во градот Либек. Во најјужниот дел на Штормарн се наоѓаат источните предградија на Хамбург.

Грб

Грбот прикажува бел лебед, со круна околу неговиот врат, на црвена позадина. Лебедот бил хералдичко животно на Штормарн од средниот век.

Градови и општини

Повеќе информации Слободни градови, Слободни општини ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads