Гнојна
поранешно село во Лагадинско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гнојна (грчки: Παλαιοχώρα, Палеохора) — поранешно село во Лагадинско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лагадина на Солунскиот округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓало на неколку километри јужно од Ново Село, во непосредна близина на Гвоздово и јужно од Богородица.
Историја
Во Отоманското Царство
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Гниона (Gniona) било село село со 24 домаќинства на 98 жители Македонци.[1][2]
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Гнојна живееле 75 лица, кои тој погрешно ги нарекува „Грци“.[3] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Гнојна (Gnoïoïana) имало 240 жители Македонци под Цариградската патријаршија.[4]
Според Анастасија Каракасиду Гнојна била чифлик каде
„ | живееле словенојазични исполичари и овчари, чиишто понапредни семејства ги испраќале децата во грчко училиште во Ѓувезна за да станат учители, свештеници, бакали или занаетчии.[5] | “ |
Жителите на околните села сведочат дека населението на Гнојна било „словенојазично“, во чиј прилог одат презимињата на луѓето што живееле во него пред крајот на османлиското време. Според раскази за време на грчката вооружена пропаганда селото настрадало од андартските чети и дел од неговите жители се преселиле во Гвоздово, а македонските четници ги евакулрале старите лица од Гнойна во соседното Ајватово — значајно македонско упориште во регионот.[6]
Потомок на старо семејство од Гнојна си споменува:
„ | Чичко ми се оженил за жена од Висока. Таа говорела македонски, кој е различен јазик. И мајка ми, татко ми и тешта ми, сите зборуваа македонски. Таков беше обичајот овде. Бевме навикнати на тоа. Тетката ја викавме чино, а водата вода.[7] | “ |
Голем дел од жителите на селото го напуштиле во 1905 г. На пописот од 1913 г. неговото население заедно со она на Богородица броело 56 жители. Во следните децении тука спорадично се доселувале групи на бегалци од немирите — како Македоннци, така и Грци. Последните жители на селото биле семејство Kаракачани кои го напуштиле во 1949 г., по што Гнојна постепено е претворена во обработливо земјиште.[8]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads