Говедар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Говедар[1][2] или воловар[3][4] — назив за човек чие занимање било да чува говеда. Ова занимање се појавило во најрани времиња и сè уште постои денес во некои области каде што е развиено сточарството.
За занимањето
Денес, повеќе не може да се видат ливади и ниви со стада говеда. Во минатото, говедата, коњите и свињите биле истерувани од шталите и оборите за да пасат. За говедата потоа се грижел говедар или кравар. Говедарот обично чувал добиток што им припаѓал на други луѓе, на еден или повеќе сопственици.[5]
Рано наутро, говедарот ги собирал говедата од домаќинствата и ги терал на пасење. Вратите од шталите ги отворале старите лица и децата и говедата потоа му се придружувале на крдакот. Говедарот бил одличен познавач на грлата што ги чувал - го познавал секое говедо, знаел која крава е стелна.[5]
Во случај на поголем крдак говедарот не можел сам да го чува, па затоа ангажирал помошници. Помошниците биле помлади од говедарите.[5]
Во Македонија
Во Македонија селски говедари се главувале (се најмувале) во време кога стоката се пасела, од Ѓурѓовден до Митровден. За ова време се главувале и момоци, овчари и козари, а се избирале одборници, полјаци и протуѓери.[6]
Remove ads
Галерија
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads