Големи Рамнини

големо рамничарско подрачје во САД и Канада From Wikipedia, the free encyclopedia

Големи Рамниниmap
Remove ads

Големите Рамнини (англиски: Great Plains) претставуваат континуирана низинска област во централните делови на Северна Америка составена од бројни прерии, степи и други форми на тревни површини. Тие ја покриваат областа помеѓу реката Мисисипи на исток и Карпестите Планини на запад, со вкупна површина од околу 1,3 милиони квадратни километри. На југ, тие се протегаат до левиот брег на реката Рио Гранде.

Кратки факти Големи рамнини, Место ...

На територијата на Канада, Големите Рамнини се протегаат по сите три прериски провинции, Саскачеван, Алберта и Манитоба, додека на територијата на САД се протегаат низ сојузните држави Северна и Јужна Дакота, Колорадо, Канзас, Монтана, Небраска, Оклахома, Тексас, Вајоминг и Ново Мексико.

Со надморска височина до максимум 1.000 метри, областа е позната и како најголема континуирана земјоделска површина во светот.

Remove ads

Клима

Поголемиот дел од Големите Рамнини има полупустинска клима, со екстремни температури и ретки, но непредвидливи врнежи. Во поголем дел од овој регион, полусушната клима не обезбедува доволно влага за раст на дрвјата, па затоа преовладуваат тревни површини - прерии. Меѓутоа, во канадските држави Алберта и северозападните територии, летата се пократки и значително посвежи, па и покрај недоволните врнежи, испарувањето е побавно, така што овозможува раст на дрвјата, главно четинари.

Remove ads

Геологија

Thumb
Карта на големите рамнини

Поголемиот дел од Големите Рамнини некогаш бил покриен со огромно море, а депонираните остатоци формираат карпест слој што лежи под површината на земјата. Големите рамнини биле најголемата област на пасишта во светот, каде паселе огромни стада бизони, проценети на над 50 милиони. Поголемиот дел од пасиштата се карактеризираат со богата, плодна почва што земјоделците ја експлоатирале максимално од 19 век до сега. Годините на прекумерно одгледување и недоволно ѓубрење довеле до создавање на големи неплодни површини - кога плодната почва почнала да еродира.

Remove ads

Економија

Современото обработување и наводнување го вратиле земјоделството во оваа област (се одгледуваат 'рж, јачмен, луцерка и пченица) заедно со одгледување на огромни стада добиток. На оваа област се произведува повеќе од 75% од светскиот извоз на пченица. Исто така, тука има и големи наоѓалишта на јаглен, нафта, природен гас, сулфур и калиум карбонат.

Население

Во оваа област живеат околу 15 милиони луѓе, од кои околу 5 милиони живеат во канадскиот дел, а околу 10 милиони во американскиот дел на Големите Рамнини.

Најголемите градови се:

Употреба

Терминот „Големи Рамнини“ се користи во Соединетите Држави за да се опише подподелба на уште поголемата физиографска поделба на внатрешните рамнини, која покрива голем дел од внатрешноста на Северна Америка.

Во Канада, овој термин ретко се користи, а владиниот оддел одговорен за официјално мапирање, ги третира внатрешните рамнини како единствен ентитет кој се состои од неколку поврзани висорамнини и рамнини. Не постои регион наречен „Големи Рамнини“ во Канада.[1] Во однос на човечката географија, терминот прерија почесто се користи во Канада, а регионот е познат како канадски прерии, прериски провинции или едноставно „прерии“.

Северноамериканскиот еколошки атлас, изработен од Комисијата за еколошка соработка, агенција на НАФТА составена од географски агенции на мексиканската, американската и канадската влада, го користи терминот „Големи рамнини“ како екорегион кој е синоним за доминантни прерии и пасишта, наместо физиографски регион дефиниран со топографија. Екорегионот на Големите Рамнини вклучува пет подрегиони: умерени прерии, западно-централни полусуви прерии, јужно-централни полусуви прерии, крајбрежни рамнини Тексас - Луизијана и полусуви рамнини Тамаулипас - Тексас, кои се преклопуваат или се прошируваат со други карактеристики на Големите рамнини.[2]

Remove ads

Големина

Thumb
Големите рамнини во близина на земјоделска заедница во централен Канзас

Регионот опфаќа растојание од 800 км од исток кон запад и 3200 км од север кон југ. Поголемиот дел од овој регион бил дом на огромни стада на американскиот бизон се додека не биле скоро потполно истребени во тек на средина и крајот на 19 век. Има површина од 1 300 000 км2. Бореалните рамнини на западна Канада се физиографски исти, но се раликуваат по изгледот на тундрите и шумите, а не на тревните појаси.

Терминот „Големи Рамнини“, за регионот западно од околу 96 меридијан и источно од Карпестите Планини, генерално не се користел пред почетокот на 20 век. Студија од 1916 година на Невин Фенеман „ Физиографската подподелба на Соединетите Американски Држави[3] го донела терминот Големи Рамнини во поширока употреба. Пред тоа, регионот речиси секогаш се нарекувал Високи Рамнини, за разлика од долните прериски рамнини на државите од Средниот Запад.[4] Денес, терминот „ Високи Рамнини “ се користи за подрегион на Големите Рамнини.[5] Терминот сè уште малку се користи во Канада во споредба со почестиот „прерија“.

Remove ads

Ветерна енергија

Големите Рамнини значително придонесуваат за искористување на енергијата на ветерот во Соединетите држави. Т. Бун Пикенс развил фарми со ветерници после кариерата како извршен директор во нафтена индустрија и ја повика САД да инвестираат билион долари за изградба на дополнителни 200.000 MW ветерна енергија во рамнините како дел од планот Пикенс. Тој укажал на Свитвотер во Тексас, како пример за економска ревитализација поттикната од развојот на енергијата на ветерот.[6][7][8]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads