Горна Милја
село во Катеринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горна Милја (грчки: Άνω Μηλιά) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 19 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа западно од градот Катерина и 3 км западно од Милја, во источниот дел на планината Шапка, на надморска височина од 940 м.[2]
Историја
Горна Милја за првпат се спомнува во пописот од 1940 г. кога е заведена со 62 жители. Всушност таа претставувала колибарска населба на жителите на Милја. Во пописот од 1951 г. не се споменува бидејќи селото настрадало во Грчката граѓанска војна и населението го напуштило. Во 1990-тите тоа било обновено, а во пописот од 1991 г. се забележани 43 жители.[2]
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Милја, во кој влегуваат истоименото село и Долна Милја, Кариес и Фтери.
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Св. Петка“ — изградена во XVII век[3]
Параклиси
- „Св. Козма Етолски“
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads