Горнопровансалски Алпи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горнопровансалските Алпи (фр. Alpes-de-Haute-Provence, окс. Aups d'Auta Provença) се департман во јужниот дел на Франција, некогаш дел од областа Прованса.
Remove ads
Историја
„Северна Прованса“ бил еден од 83-те департмани утврдени за време на Француската револуција (4 март 1790). Потоа бил преименуван во „Горна Прованса“ и „Долни Алпи“.
Во 1793 е создаден департманот Воклиз од делови на департманите Устие на Рона, Дром и Долни Алпи.
Во 1970 департманот Долни Алпи е преименуван во „Горнопровансалски Алпи“.
Географија
Горнопровансалските Алпи се планинска област со врвови над 2.400 m. Климата е мошне сува и пуста, но и покрај тоа овоштарството е важна гранка, благодарение на системите за наводнување.
Департманот се граничи со департманите Горни Алпи, Приморски Алпи, Вар, Воклиз и Дром, како и Република Италија.
Позначајни реки се: Диранс, Вердон, Блеона, Ибе, Вар, Биеш, Жаброн и Ларг.
Окрузи и кантони
Горнопровансалски Алпи се поделени на 4 окрузи, 30 кантони и 200 општини. Најважно населено место е административниот центар (префектура) Дињ ле Бен.
Туризам
Прекрасните пејзажи на областа нудат разни туристички активности. Единаесет села се сметаат за места со особен архитектонски карактер. Еве некои значајни места:
- Местото Систерон со мошне стара тврдина и тесни сокаци
 - Вердонската Клисура („Големиот Кањон“ на Европа)
 - Дињ ле Бен - бањски град
 - Мустје-Сент-Мари - место познато по грнчарството
 - катедралата во Форкалкје
 
Лете во оконите планини се практикуваат разни воздушни спортови како параглајдерството, летањето со делтаплан, едриличарството и сл. Зиме работат единаесет скијачки центри.
Remove ads
Поврзано
- Кантони во Горнопровансалските Алпи
 - Општини во Горнопровансалските Алпи
 - Окрузи во Горнопровансалските Алпи
 
Надворешни врски
| „Горнопровансалски Алпи“ на Ризницата ? | 
| Енциклопедијата Британика 1911 на Викиизворот има текст поврзан со „Горнопровансалски Алпи“. | 
- Горнопровансалски Алпи на Curlie (англиски)
 - Страница на Генералниот совет Архивирано на 27 септември 2015 г. (француски)
 - Страница на префектурата Архивирано на 22 јуни 2005 г. (англиски)
 - Подробни информации за областа (француски)
 - Водич низ Горнопровансалските Алпи Архивирано на 27 септември 2011 г. (англиски)
 
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
