Горно Егри

село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia

Горно Егриmap
Remove ads

Горно Егри — раселено село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Кратки факти

Денес, на некогашното село се наоѓаат ниви и низ неговиот атар поминува Петтиот Канал (V Канал).

Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Пелагонија, во јужниот дел на Битолското Поле и на територијата на Општина Битола.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 580 метри.[2]

До селото води земјен пат, кој се двои од локалниот асфалтен пат до селото Средно Егри, кој се двои од државниот пат А3.

Историја

Во 1900 година, селото броело 120 жители, но веќе во 1914 година имало само 42 жители. За време на Првата светска војна, односно во 1916 година, селото било целосно раселено, поради жестоките борби кои се воделе на тој терен.[3]

Стопанство

Атарот на селото е речиси заеднички со оној на селата Долно и Средно Егри.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Егри живееле 120 жители, од кои 70 Македонци христијани и 50 Арнаути муслимани.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Горно Егри се води како чисто турско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 40 куќи.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Егри имало 80 Македонци, сите под егзархијата.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало од 10 до 25 Турци.[7]

Селото е наполно напуштено по 1961 година.[2]

Според пописот од 2002 година, селото немало жители.[8] Истото било потврдено и на најновиот попис од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Remove ads

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Горно Егри било село во Битолската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Бистрица.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Бистрица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кременица, во која покрај селото Горно Егри се наоѓале селата Долно Егри, Кременица, Меџетлија и Средно Егри. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Кременица, во која влегувале селата Букри, Горно Егри, Долно Егри, Кременица, Меџитлија и Средно Егри.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0141 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Средно Егри.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 239 гласачи.[16]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Поглед на вливот на Граешка Река во Петтиот Канал кај некогашното село
Реки[17]

Личности

Родени во Горно Егри
  • Никола Егриски (1853–1904) — ајдутин и револуционер, деец на ВМРО
Починале во Горно Егри

Иселеништво

Според истражувањата направени во 1950-тите, доселеници од Горно Егри имало на следниве места:[18]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads