Горно Палчиште
село во Општина Боговиње From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горно Палчиште — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 8 километри југозападно од Тетово.
Историја
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Палчиште живееле 165 жители, сите Албанци.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.356 жители, од кои 1 Македонец, 1.339 Албанци и 16 останати.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.127 жители, од кои 1.037 Албанци и 90 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
На почетокот од XIX век, од областа Булчица, во северна Албанија, се иселиле браќата Алил и Кадри Тока. Кога дошле во Полог, тие најпрвин се задржале во полското село Долно Седларце. Меѓутоа, ним не им се допаднало мочуришното земјиште, па преминале во денешното шарпланинско село Горно Палчиште. Тука овие браќа основале два големи рода: Кеке (31 куќа од Алил Тока) и Туракве (25 куќи од Кадри Тока)[10]
Горно Палчиште е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
- Туракве (25 к.) и Кеке (31 к.) доселени се од Булчица во северна Албанија. Потекнуваат од двајца браќа. Во родот Туракве се знае следното родословие: Алил (жив на 60 г. во 1948 година) Абдула-Муарем-Абдула-Алил Тока, основачот на родот.
- Црнољеве (32 к.) доселени се од селото Црновеле кај Љума во северна Албанија. Имаат роднини во селото Црновеле кај Штимле во Косово.
- Топојане (6 к.) доселени се од селото Топојани кај Љума во северна Албанија.[11]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2060, 2065 и 2065/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект м.з. Чифлик (денес одделно село) и основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.550 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Горно Палчиште - историска црква во селото[14]
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Пред во селото да се населат муслимански Албанци, во селото живееле православни Македонци. Денес се знае за родот Аџагулевци кои се иселиле во градот Тетово. Исто така се знае и за родот Николовци кои се иселиле во селото Лактиње во Дебрца.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads