Долно Седларце

село во Општина Брвеница From Wikipedia, the free encyclopedia

Долно Седларцеmap
Remove ads

Долно Седларце, локално именувано само како Седларце, — село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово. Селото е споено со селото Брвеница.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во регионот Горни Полог. Долно Седларце е рамничарско село од позбиен тип и е споено со селото Брвеница.

Историја

Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Седларце живееле 40 жители, сите Македонци.[2]

По Балканските војни е забележано со 97 жители.[3]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, селото било дел од Брвеничка општина (со центар во Жеровјане) во Долнополошкиот срез и имало 17 куќи и 108 жители, Македонци и Албанци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 693 жители, од кои 690 Македонци и 3 Срби.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 805 жители, од кои 778 Македонци, 5 Албанци, 2 Срби, 1 останат и 19 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Долно Седларце е македонско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Смиљановци (9 к.) најстар род во селото, доселени се од Прилепско. Основачи на родот биле браќата Смиљан и Сиљан;
  • Марковци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде;
  • Златевци (3 к.) доселени се од денес албанското село Лисец. Го знаат следното родословие: Тоде (жив на 19 г. во 1947 година) Коце-Злате-Стојан, кој се доселил во селото;
  • Велковци (8 к.) доселени се од селото Синичане. Од старото село се иселиле двајца браќа Велко и Цветко. Го знаат следното родословие: Трпе (жив на 80 г. во 1947 година) Јоан-Велко, кој се доселил со неговиот брат;
  • Џиковци (3 к.) се сметаат за гранка на претходно наведениот род. Од старото село се иселиле најпрво во Горно Седларце, па во ова село, го знаат следното родословие: Тоде (жив на 25 г. во 1947 година) Ристо-Коце-Јован, кој се доселил од Горно Седларце;
  • Цветковци (1 к.) доселени се од денес албанското село Новаќе;
  • Николовци или Призренци (2 к.) доселени се во 1913 година од селото Драјчиќи кај Призрен (Косово и Метохија)
  • Стојановци (1 к.) и Таневци (1 к.) доселени се од поречкото село Брест;
  • Мамикомадовци (1 к.) доселени се од селото Сараќино, каде имаат истоимени роднини, подалечно потекло од Лисец.
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Црквата „Св. Атанасиј“ во Долно Седларце

Општествени установи

Стопанство

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2032 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 610 гласачи.[14]

Редовни настани

Култура и спорт

== Иселеништво ==-->

Личности

  • Јовица Симовски - Гума (р. 17 ноември 1982) - македонски одбојкар;[15]
  • Галоски (р. 28 февруари 1991) - македонски диџеј и продуцент.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads