Горно Свиларе

село во Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia

Горно Свилареmap
Remove ads

Горно Свиларе — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 712 жители.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Горно Свиларе се наоѓа во западниот дел на Скопската Котлина, северно од Вардар.

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско[2] и муслиманско[3] население, каде имало 10 христијански и 1 муслиманско домаќинство. На овој попис биле забележани 42 мажи христијани, со 3 новороденчиња и 3 мажи муслимани без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 96 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 206 жители.[4]

Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 86 жители Албанци муслимани и 60 Македонци христијани.[5] Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[6] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[7]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци, 25 до 50 Македонци и 25 до 50 други жители.[8]

На пописот од 2002 година, селото имало 712 жители, од кои 711 Албанци и 1 останат.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 845 жители, од кои 830 Албанци и 15 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Горно Свиларе е албанско село, а порано имало и Македонци.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

Албански

  • Доселеници: Матњан (7 к.) доселени се од областа Мат во северна Албанија. Они се првите албански доселеници. Го знаат следното родословие: Фета (жив на 70 г. во 1948 година) Имер-Јакуп-Асан-Мемет, кој се доселил; Дибран (9 к.) доселени се кога и претходниот род. Доселени се од Дебарско. А таму се доселени од Албанија; Љумљан (10 к.) потекнуваат од фисот Шаља во северна Албанија. Името го добиле по областа Љума од каде потекнува фисот; Дац (7 к.) потекнуваат од фисот Тсач во северна Албанија.

Македонски

  • Доселеници: Ѓорески (2 к.) и Чинговци (2 к.) доселени се од селото Кучково. Во родот Ѓорески го знаат следното родословие: Крсто (жив на 48 г. во 1948 година) Кузман-Ѓоре, кој се доселил; Васовски (1 к.) потекнуваат од предокот Стојан кој дошол како посинет во родот Чинговци. По потекло овој род е од Тетовско.[15]
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта
  • Кале — кале од римското и доцноантичкото време

Личности

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads