Градец (археолошко наоѓалиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Градецархеолошко наоѓалиште во виничкото село Градец. Претставува депо на монети од средниот век. Во 1966 година, при копање на темели за изградба на куќа се пронајдени 721 византиска монета од XII век. Депото го сочинуваат 60 електруми-монети од злато и сребро, и 651 монета од бакар. Монетите биле подоцна откупени од страна на Музејот на Македонија, со исклучок на 47 електруми. Во поглед на временската припадност, еден електрум е од византискиот цар Мануил I Комнин, седум се од Андроник I Комнин и девет се од Исак II Ангел. Временската припадност на бакарните монети не е одредена, но веројатно е дека и тие потекнуваат од времето на споменатите владетели.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads