Градец (Виничко)
село во Општина Виница From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градец — село во Општина Виница, кое се наоѓа во самото подножје на планината Плачковица, во околината на градот Виница.
За други значења на поимот, погл. Градец.
Remove ads
Географијa и местоположба

Селото се наоѓа на 4 километри јужно од градот Виница, на падините на планината Плачковица, на надморска висина од 510 метри. Атарот на селото е голем и зафаќа површина од 59 км2, во чии рамки доминираат шуми со површина од 4.141,2 ха, потоа следуваат пасишта со 1.264,1 ха и обработливо земјиште со 423,1 ха. Атарот се издига до сртот на Плачковица, каде што се граничи со териториите на општините Карбинци и Радовиш. Со оглед на тоа дека селото се наоѓа на оддалеченост од неколку километри од Виница, Градец припаѓа на рурбалната зона на ова централно место.[2] Низ селото тече Градечка Река, којашто е значајна за наводнувањето на Виничко Поле, а претставува и извор за производство на електрична енергија.
Во април 2011 година е изготвен урбанистички план со кој е планирано изградба на нова населба Градец, којашто се предвидува да биде расположена на просторот меѓу Градец и Виница.[3]
Remove ads
Стопанство
Населението во селото главно се занимава со земјоделство и лов. Во поглед на земјоделството, селото има мешовита функција.[2]
Во непосредна близина на селото, во правец кон планината Плачковица, се наоѓа МХЕ „Градечка Река“, којашто има моќност од 0,7 MW. Акумулацијата на реката е изградена на околу 2 км од централата.
Население
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 700 жители, сите Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.150 Турци.[5]
Разгледувајќи го бројот на населението во текот на XX век, за Градец може да се забележи дека тоа покажува стабилност и постојаност на бројот на своите жители, кој постојано е над 1.000 жители. Според пописот во 1948 година, во селото живееле 1.513 лица; додека најголем број на жители е забележан на пописот во 1953 година, кога во селото живееле 1.639 лица. По 1953 година е забележан пад на бројот на населението во селото, па така на пописот во 1971 тоа изнесувало 1.132 лица, што претставува најмал број на населението на некој од спроведение пописи. Бројот на населението на пописите по 1971 години се одржувал на нивото од околу 1.200 жители.
Според пописот од 2002 година, селото имало 1.245 жители, од кои 1.215 Македонци, 21 Ром и 9 Турци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.013 жители, од кои 758 Македонци, 6 Турци, 161 Ром, 4 останати и 84 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Градец е македонско село, а порано било чисто турско село.
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се
Турски
- Пашалар (30 к.), Местанлар (15 к.), Ајралар (10 к.), Незир-Агалар (10 к.), Потурнаклар (10 к.), Солаклар (10 к.), Кафеџилер (9 к.), Чираклар (6 к.), Селманџиклер (7 к.), Дураќелер (6 к.), Леваклар (6 к.), Ешманлар (5 к.), Муалилер (5 к.), Налбатлар (5 к.), Оручлер (5 к.), Териќелер (5 к.), Шеелер (5 к.), Ќуселер (4 к.), Аџи-Усејинлар (3 к.), Гогалар (3 к.), Ѓуртилер (3 к.), Мракилар (3 к.), Таиралар (3 к.), Гронделер (2 к.), Фитилер (2 к.), Ајдарчелер (1 к.), Миртилер (1 к.) и Тиролар (1 к.) предците на наведените турски родови се населиле во XVIII век. Возможно е родот Потурнакалар да води потекло од Турцизиран Македонец.
- Блатчани (3 к.) доселени се од селото Блатец.
- Јуруклер (4 к.) доселени се од Радовишко. Они се Јуруци.
Ромски
- Ајвас (1 к.), Елмас (1 к.), Мустафа (1 к.) и Усеин (1 к.) стари родови во селото.
Македонски муслимани
- Алит (1 к.) и Асан (1 к.) доселени се од селото Горно Врановци кај Велес.
Македонски Православни
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото припаѓа во рамките на Општина Виница, во чијшто состав е според сите административни поделби од 1952 година. Во периодот од 1950 до 1952 година, истото претставувало посебна општина во рамки на Кочанската околија.
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 315 и 315/1 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.125 гласачи.[14]
Remove ads
Општествени установи

Во селото се наоѓа подрачно училиште на ОУ „Славчо Стојменски“ во Виница. Покрај тоа, во селото има дрводелска, односно автомеханичарска и лимарска работилница, амбуланта, продавници и угостителски објекти.[2]
Културни и природни знаменитости
- Цркви[15]
- Црква „Св. Илија“ — главната селска црква.
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Бедеш — средновековна населба;
- Виничка Река — доцноантичка населба;
- Градец — средновековно стовариште на монети;
- Градиште — доцноантичка населба;
- Клисе Баир — римска некропола и могили.
Во селото исто така може да се забележат остатоци од минаре, што укажува на тоа дека во минатото во него имало џамија.
Иселеништво
Преку 150 турски семејства се имаат иселено во Турција. Потомците на иселените Турци од селото се наоѓаат во градот Ак-Хисар и неговата близина (само во селото Суљманли се иселени околу 60 семејства).[12]
Галерија
- Глетка на селото од планината Плачковица
- Пат низ селото
- Селска куќа
- Сретселото на Градец
- Остатоци од минаре во селото
- Споменик посветен на загинатите борци за ослободување на селото во НОБ
Поврзано
Надворешни врски
Градец (Виничко) на Ризницата ?
- Сателитска снимка на Градец на Карти на Гугл
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads