Градиште (Лешани)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Градиштеархеолошко наоѓалиште во охридското село Лешани, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба од бронзено време.

Повеќе информации Основни податоци ...

Се наоѓа на 2 км (воздушна линија) североисточно од селото, на доминантниот потег од планината што се протега меѓу Лешани и Велмеј во правец североисток-југозапад. На зарамнетиот врв се забележуваат повеќе грамади од камен, како и остатоци од два ѕида терасесто поставени, кои образуваат елипсовиден простор. На јужната страна од зарамнетото плато се забележуваат остатоци од ѕид со ширина од 1,7 м. Површината на теренот е карпеста како последица на излоканоста од атмосферските влијанија. Ретко се среќаваат фрагменти од керамика.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads