Градиште II (Ратево)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градиште II — градиште од доцноантичкото време и старохристијанска црква. Во пределот на Сливница, помеѓу селата Ратево и Двориште, на една мала ниска чука се зачувани остатоци од помало утврдување. Бедемот, од кој се зачувани само темелите, оградувал простор од 150 × 120 метри. По површината се забележуваат темели од објекти, фрагменти од керамички садови и питоси. На 200 метри јужно од бедемот има остатоци од мала старохристијанска црква.[1]
Remove ads
Поврзано
- Градиште I — градиште и некропола од доцноантичкото време;
- Грамади — населба од доцноантичкото време;
- Жизница — населба од доцноантичкото време;
- Манастир — старохристијанска базилика; и
- Слатина — могила од доцноантичкото време.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads