Двориште (Беровско)
село во Општина Берово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Двориште — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.
За други истоимени места, погледајте Двориште.
Remove ads
Потекло на името
Името на селото потекнува од ископините на една стара населба позната како „Двор“.[2]
Географија и местоположба
Населбата се наоѓа на крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Берово, во јужната падина на Малешевските Планини, чиј атар се допира, на една страна, со државната граница со Бугарија, а на друга страна, со територијата на општината Ново Село.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 940 метри. Од градот Берово е оддалечено 21 километар.[3]
Има мошне голем атар, којшто зафаќа простор од 85,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 4.526,7 хектари, потоа следат пасиштата на површина од 2.551 хектар, а на обработливото земјиште отпаѓаат 1.410,4 хектари.[3]
Двориште е единствено село од разбиен тип во Малешевијата. Селото е поделено на неколку маала. Оддалечено е четири километри од регионалниот пат Берово-Струмица.[4]
Селото е поделено на пет маала именувани според селата во Пиринска Македонија, од каде што потекнуваат поголемиот дел од жителите: Новоселско маало, Чурилско маало, Баскалско маало, Тренчовско маало и Добрилачко маало.[2]
Remove ads
Историја
Во 1913 година со потпишувањето на Букурешкиот мировен договор, жителите на оваа областа останале поделени, со што едните останале да живеат тогашната српска власт, додека другите останале во рамките на Бугарија.[4]
Со пописот од 1914 година, Двориште не било регистрирано како населено место, зашто првата куќа била изградена во 1913 година. Дотогаш, во атарот на денешното село Двориште, кој бил поделен, постоеле само колиби по ридовите. По исцртувањето на граничната линија, Србите наредиле да се изгради село, со цел полесна контрола на селаните од планинските колиби.[2]
Во 1927 година биле изградени училиштето и црквата.[2]
Вкупно 1 жител на оваа населба e заведен како жртвa во Втората светска војна.[5]
Стопанство
Селото во основа има мешовита земјоделска функција.[3] Најмногу се одгледува компир од поледелските активности, додека сточарството е исто така многу развиено. Најмногу се одгледуваат овци, кози, свињи и нешто крупен добиток.[2]
Во селото работат и две мали пилани.[2]
Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[6]
Двориште е голема населба, но со намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 1.318 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 825 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 757 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 641 жител, од кои 515 Македонци и 126 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads
Општествени установи

- Основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ до IX одделение[13], подрачно училиште на ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово
- Амбуланта
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Двориште, каде Двориште било единствено село во општината.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на Беровската градска општина, во која покрај селото Двориште се наоѓале градот Берово и селата Ратево и Смојмирово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0010 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 582 гласачи.[15]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[16]
- Бабини Колиби (Чаплаковски Колиби) — населба од доцноантичкото време и старохристијанска црква;
- Градиште I — градиште од доцноантичкото време;
- Градиште II — градиште од доцноантичкото време;
- Рабуш — населба од доцноантичкото време; и
- Црква — старохристијанска црква.
- Цркви[17]
- Црква „Пресвета Богородица“ — главна селска црква.
- Реки[18]
- Дворишка Река (Циронска Река) — река која тече низ селото
Remove ads
Редовни настани
- Сурова — обичај изведуван ноќта на 13 спроти 14 јануари
- Мала Богородица („Рожден“) — главна селска слава
- Илинден (2 август) — црковно-народен собир
Личности
- Родени во Двориште
- Ацо Русковски (1925-1947) — народен херој
Галерија
- Селската амбуланта
- Селските гробишта
- Одгледување на свињи
- Стара куќа во селото
- Дел од селото
- Поглед на селото
- Дел од селото
- Стара руинирана куќа
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads