Гранада (покраина)

покраина во Шпанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Гранада (покраина)map
Remove ads

Гранада (шпански: Granada) — покраина во источниот дел на автономната заедница Андалусија, јужна Шпанија. Се граничи со покраините Албасете, Мурсија, Алмерија, Хаен, Кордоба, Малага и Средоземното Море. Главен град е Гранада.

Кратки факти Гранада Granada, Земја ...

Покраината зафаќа површина од 12.531 км2. Населението брои 921.338 жители (2021), од кои 30 % живеат во главнио град. Се состои од 170 општини.[1]

Remove ads

Географија

Во Гранада се наоѓа највисоката планина на Пиринејскиот ПолуостровМуласен, висока 3.479 м.[2] Други планини со слична висина се Велета (3.396 м)[3] и Алкасаба (3.371 м).

Реката Хенил, која извира во Гранада, е една од главните притоки на Гвадалкивир. Други поважни реки се Фардес, Моначил, Гвадалфео, Дилар, Исбор, Верде и Даро.

Во покраината се наоѓа националниот парк „Сиера Невада“ (на истоимениот планински венец) кој таа го дели со Алмерија. Друг поголем венец е Сиера де Баса.

На северот на покраината се простира Гранадската Висорамнина (Altiplano Granadino) на која се сместени градот Баса и паланката Уескар.

Remove ads

Знаменитости

Најзначајна знаменитост на Гранада е дворецот Алхамбра, прогласена за светско наследство. Таа е извонреден пример на архитектурата од маварското владеење на ова подрачје кое траело од 711 до 1492 г.

Забележителни катедрали има во Гранада и Гвадикс.

Кралската капела во Гранада е гробница на кастиљската кралица Изабела I (1451–1504) и арагонскиот крал Фердинанд II (1452–1516); тука се погребани и нивната ќерка Јована I Кастиљска (1479-1555) и нејзиниот сопруг Филип Убавиот (69-70).

Remove ads

Стопанство

Најважни стопански гранки во покраината се туризмот, земјоделството и рибарството. Порано градежништвото било многу крупна гранка, но тоа значително опаднало со финансиската криза од 2008–2014 г. Застапен е и биотехнолошкиот сектор.

Туризам

Крајбрежјето на покраината е познато како Тропски Брег (Costa Tropical) и привлекува голем број домашни и странски туристи. Главни летувалишта се Алмуњекар, Салобрења и Ла Ерадура. Градот Гранада е особено привлечен за посетителите поради неговата маварска архитектура и славниот дворец Алхамбра. На планините Сиера Невада е развиен зимскиот туризам, каде се наоѓа најјужниот скијачки центар во Европа. Популарност уживаат планинарството и екотуризмот на места како Алпухарите и Лекринската Долина.

Значаен работодавач во покраината Гранада е млечната индустрија, особено производството на млеко, млечни напитоци и формули за доенчиња.[4]

Образование

Гранадскиот универзитет е еден од најголемите во Шпанија со околу 56.000 студенти.[5] Секоја година во градот доаѓаат 10.000 странски студенти. Универзитетот игра улога како работодавач, но и ја поттикнува месната економија поради побарувачката на станови под наем, промет во продавниците, рестораните и ноќните клубови.

Развој на населението

Ова е населението на покраината низ годините:

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads