Граничево
село во Лагадинско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Граничево или Гранич (грчки: Κρυονέρι, Крионери; до 1927 г. Γκερμίτς, Гермиц[2]; до 1949 г. Κρύα Νερά, Крија Нера[3]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 727 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 23 километри од градот Лагадина на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 603 метри.
Историја
Во XIX век Граничево е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Грамничево во 1900 година имало 700 жители Турци[4].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Крионери.[6]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads