Грб на Ерменија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Грб на Ерменија
Remove ads

Грбот на Ерменија е официјалниот грб на државата кој се состои од орел и лав кои држат штит. Овој грб се состои од антички и модерни ерменски симболи, каде орелот и лавот биле симболи на ерменското кралство кое постоело уште пред ерата на Исус Христос. Денешниот грб бил усвоен на 12 април 1992 година.

Кратки факти Грб на Ерменија, Подробно ...

Штитот се состои од неколку елементи, па така во средината се наоѓа планината Арарат со бродот на Ное на врвот. Околу планината се наредени симболи на ерменските династии.

Remove ads

Симболизам

Орелот и лавот

Орелот го држи штитот од левата страна, додека лавот го држи од десната. Орелот бил симбол на Арташесидската Династија, додека лавот е симбол на Багратунската Династија и подоцна на Рубенидската Династија. Двете животни биле избрани поради нивната моќ, храбротст, трпеливост, мудрост и благородништво во животинското кралство.

Петте витални елементи

  1. Сабјата ја претстваува силата на нацијата и кршење на синџирите на окупацијата.
  2. Искршениот синџир ги симболизира напорите на нацијата за слобода и независност.
  3. Житото ја симболизира работливоста на Ерменците.
  4. Пердувот ги симболизира интелектуалното и културното наследство на Ерменците.[1]
  5. Лентата го симболизира знамето на Ерменија.
Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads