Арарат

планина во Турција From Wikipedia, the free encyclopedia

Арарат
Remove ads

Арарат (турски: Ağrı Dağı, ерменски: Արարատ) — заспан вулкански масив и највисока планина во Турција и сета Ерменска Висорамнина. Има два врва: Голем Арарат (5.137 м) и Мал Арарат (3.896 м). Масивот има пречник од околу 40 км, а иранско-турската граница минува источно од Мал Арарат.

Кратки факти Арарат, Највисока точка ...
Thumb
Поглед на Арарат од Игдир, Турција.
Thumb
Поглед на Арарат од Хор Вирап, Ерменија.

Според Библијата, во „горите на Арарат“ застанала арката на пророкот Ное откако стивнал Светскиот потоп.

Планината зазема значајно место во ерменската култура и големоерменските идеи, и е претставена е на грбот на Ерменија.

Remove ads

Географија

Арарат се наоѓа во областа Источна Анадолија, помеѓу Догубајазит и Игдир, недалеку од границата со Иран, Ерменија и азербејџанската ексклава Нахичеван, меѓу реките Аракс и Мурат.[1] Врвот е сместен 16 км западно од турско-иранската и 32 км јужно од турско-ерменската граница. Од северозападната до западната страна на масивот се протега Араратската Рамнина.

Геологија

Масивот претставува стратовулкан, образуван од лава и вжештен исфрлен материјал, и нема кратер. На надморска височина преку 4.100 м, планината се состои претежно од магматски карпи покриени со ледена капа.[4] Југоисточно од главниот врв, од истата основа се издига помалиот ќулав Мал Арарат, висок 3.896 м. Помеѓу двата врва лежи висорамнина сочинета од скаменета лава. Подножјата на двете планини зафаќаат приближно 1.000 км2.[5] Се смета дека планините настанале во неогенот, при затворањето на праокеанот Тетида.[6]

Remove ads

Искачување

Планината први ја освоиле германскиот природонаучник Фридрих Парот и мештанинот Хачатур Абовјан во 1829 г.[3] Во 1845 г., Абовјан ја искачил планината со германскиот минералог Ото Вилхелм фон Абих, а следната година англискиот политичар Хенри Д. Симор.

Денес планината може да се искачува само со издадена дозвола и во придружба на ополномоштен водич од Турција.

Македонски искачувачи

Најпознат македонски искачувач на Арарат е алпинистот Живко Темелкоски, кој до 2008 г. планината ја има освоено на девет наврати.[7]

Првата жена од Македонија што го искачила Арарат е планинарката Катица Борисовска, како учесник во V Меѓународно искачување на планината Арарат во 2006 г.[8]

Во Библијата

Во Библијата, Арарат се споменува како местото кајшто застанала Ноевата арка по Светскиот потоп (Битие 8:4). Во неа се вели дека бродот застанал на „горите на Арарат“, споменувајќи го поширокото подрачје, па затоа не е сигурно дека се работи за самата планина која денес се нарекува „Арарат“.

Во сириското православие и Куранот се смета дека Ное застанал на планината Џуди, во денешен северозападен Иран. До средниот век, западното толкување за планината превагнало во сите цркви, вклучувајќи ги и православните.

Remove ads

Политички граници

Арарат речиси образува четворомеѓе помеѓу Турција, Ерменија, Азербејџан и Иран. Врвот се наоѓа 16 км зашадно од иранската и азербејџанската граница, како и 32 км јужно од ерменската граница.

Тромеѓата Турција-Ерменија-Азербејџан и Турција-Иран-Азербејџан се оддалечени 8 км, одделени со тесен појас на турска територија со магистралата E99 во правец на Нахичеван (Азербејџан).

Ваквите граници важат од 1991 г. со осамостојувањето на Азербејџан и Ерменија, но исцртани се во 1923 г, по судирите во Првата светска војна и падот на Отоманското Царство, особено во Ерменско–азербејџанската војна (1918- 1920) и основањето на Република Турција со Лозанскиот договор (1923) во кој е уредена поделбата на Отоманското Царство.

Од 1923 до 1991 г, ерменско-азербејџанската граница била внатрешна, во рамките на Советскиот Сојуз (помеѓу Ерменската ССР и Нахичеванската АССР). Пред Првата светска војна, подрачјето било поделено помеѓу Руското, Отоманското и Персиското царство.

Планината е отворена за посетители дури во 1998 г., а од 2004 г. сочинува дел од природен резерват.

Remove ads

Значење во ерменскиот национализам

Thumb
Грбот на Ерменија — планината Арарат е претставена во средишниот штит.
Thumb
Грбот на Ерменската ССР

Според ерменската митологија, Арарат бил дом на боговите. Во поново време, симболизмот планината е заживеан како обележје на ерменскиот национален идентитет. Една од причините е тоа што Арарат се издига над Ереван и има големо присуство во градскиот видик.[9] Како таква, планината е претставена во штитот на грбот на Ерменија.[10] Истата стоела и на грбот на Ерменската ССР, заедно со српот и чеканот и црвена ѕвезда зад неа.[11] По распадот на СССР, усвоена е малку изменета верзија на грбот на ДР Ерменија и таквиот стои до денес.[10]

Арарат е прикажан и на разни банкноти на ерменскиот драм од периодот помеѓу 1993 и 2001 г.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Библиографија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads