Одеса

From Wikipedia, the free encyclopedia

Одеса
Remove ads

Одеса (украински: Одеса, руски: Одесса, романски: Odesa) — град во Украина на Црното Море. Одеса е големо пристаниште и културен центар, како и административен центар на Одеската Област. Населението на градот според последниот попис во 2004 било 1 012 500 жители. Во 1945 г. година е прогласен за град-херој.

Кратки факти Одеса, Држава ...

Претходница на градот Одеса било едно мало место населено со Татари, чиј водач бил Хаџи I Герај, кримски хан, по кого и тогашното гратче се викало „Хаџибеј“. По кус период на литванско владеење, градот потпаднал под османлиска власт во 1529 г. Под нивна управа останал сè до поразот на Османлиите во Руско-турската војна од 1792. Денешната Одеса била изградена по декрет од кралицата Катерина II во 1794. Од 1819 до 1858 градот бил слободна зона, а за време на Советскиот Сојуз претставувал главно поморско упориште и важна база за морнарицата.[1] На 1 јануари 2000 г. одеското пристаниште било прогласено за слободна економска зона во период од 25 години.

Во 19. век Одеса бил четвртиот најголем град во Руската Империја, веднаш зад Москва, Санкт Петербург и Варшава.[2] Архитектонскиот стил на градот повеќе наликува на оној од средоземните земји, отколку на стилот од словенските. Дел од постарите градби се мешавина од модернистички, ренесансен и класичен стил.[3]

Одеса е стратешки важен пристаништен град на Црното Море. Пристаништата Јужна и Иличовск се двете витални точки на градот. Тие меѓусебно се поврзани со развиена и модернизирана железница. Во градот се изградени неколку нафтени и хемиски фабрики, кои преку долги цевководи се поврзани со Русија и земјите од ЕУ.

Remove ads

Демографија

Украинците се доминатниот етникум со 62% од вкупното население во Одеса. Руското малцинство е доста застапено, со 29% од популацијата во милионски населениот град. И покрај тоа што поголемиот дел од жителите национално се произнесле како Украинци, рускиот јазик е јазикот кој најмногу се говори во градот, па дури и од страна на мештаните со не-руско потекло. Освен овие две етнички групи, во Одеса уште живеат Албанци, Ерменци, Бугари, Кримски Татари, Грузијци, Грци, Евреи, Роми и Турци. Пред почетокот на Втората светска војна, во местото имало голема еврејска заедница, но поради нивната масовна депортација во концентрационите логори, нивниот број значително опаднал. Во текот на 1970-тите и преостанатите Евреи се иселиле од градот во странство. Во прилог е табелата со бројот на вкупното население по определени временски периоди.

Повеќе информации Според извршените пописи и проценки, Година ...
Remove ads

Клима

Одеса има суптропска клима, со влијанија од континентална и степска клима. Поради овие поволни климатски услови, туризмот во градот бележел постојан развој. За време на царска Русија, богатите болни луѓе биле испраќани на престој во ова крајбрежно место како би се одмориле и закрепнале. Вредно е да се спомене дека таму снегот е многу ретка појава, за што придонесува топлото зимско време. Зимите се благи и суви, а температурата на воздухот ретко оди под нулата. Речните корита во Одеса никогаш не замрзнуваат. Што се однесува до летата, тогашната просечна температура е над 30 °C.

Повеќе информации Климатски податоци за Одеса, 1981-2010, Месец ...
Remove ads

Личности

Thumb
Михаил Воронцов
Thumb
Александар С. Пушкин
  • Јосип Михајлович де Рибас (1749-1800) - руски воен адмирал, се смета за татко на градот Одеса.
  • Арман Емануел де Плеси Ришелје (1766-1822) - француски државник, привремено гувернер на Одеса.
  • Михаил Воронцов (1782-1856) - руски принц и фелдмаршал, познат по успесите во војните со Наполеон и во Кавкаската војна (1844-1853).
  • Александар Сергеевич Пушкин (1799-1837) - руски поет од ерата на романтизмот.
  • Адам Мицкевич (1798-1855) - полски поет, есеист, публицист и преведувач.
  • Михаил Александрович Врубељ (1856-1910) - руски сликар од модернистичкиот правец симболизам.
  • Владислав Гордецки (1863-1930) - руско-полски архитект.
  • Борис Фармаковски (1870-1928) - руски археолог.
  • Иван Бунин (1870-1953) - прв руски поет добитник на Нобеловата награда за литература.
  • Владимир Филатов (1875-1956) - украински лекар-офталмолог и академик.
  • Корнеј Иванович Чуковски (1882-1969) - руски поет за деца.
  • Константин Паустовски (1892-1968) - советски писател номиниран за Нобеловата награда за литература во 1965 г.
  • Исак Бабељ (1894-1940) - руски новинар и драматург.
  • Едуард Багрицки (1895-1934) - влијателен советски поет од стилот конструктивизам.
  • Иљја Илф (1897-1937) - популарен советски писател.
  • Свјатослав Рихтер (1915-1997) - украински музичар и пијанист.
  • Емил Гилељс (1916-1985) - советски пијанист.

Меѓународни односи

Збратимени градови

Градови партнери

Remove ads

Галерија

Култура

Траснпорт

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads