Грчко-италијанска војна

From Wikipedia, the free encyclopedia

Грчко-италијанска војна
Remove ads

Грчко-италијанскa војна бил комфликт померѓу Кралството Италија и Грција, која Италијанците ја нападнале од Албанија. Војната траела од 28 октомври 1940 година до 6 април 1941 година и го означила почетокот на балканската кампања за Втората светска војна. Војната е завршена со нападот на Грција после катастрофалниот пораз на италијанската војска.

Кратки факти Грчко-италијанска војна, Датум ...
Remove ads
Remove ads

Војна

Thumb
Неколку дена по нападот на Грција, италијанската авијација на 5 ноември по грешка ја бомбардира Битола. Насловна страница на весникот Политика од 7 ноември 1940.

Германската војска на 7 октомври влегла во Романија, за подготовките за операцијата Барбароса за да ги штити нафтените полиња кај Плоешти. Бенито Мусолини не бил однапред известен и тоа го сметал за опколување на италијанската сфера и предложил планови за инвазија на Грција.[4][5]

Италијанскиот генералштаб изработил три плана. План „Е“, кој вклучувал напад врз Југославија со истовремени безбедносни мерки против Грција; план „Ц“ за напад врз Грција со истовремени безбедносни мерки против Југославија и, конечно, план кој предвидувал мерки доколку ништо не се случи. Во исто време, военото министерство подготвуваше план за демобилизација на две армии од 600.000 луѓе. Одлуката за напад врз Грција беше донесена на 8 октомври, а нападот започна на 28 октомври 1940 година. Во три часот по полноќ, на грчкиот диктатор Јоанис Метаксас му беше врачен италијански ултиматум. До шест часот тоа утро тој мораше да се покорува. Сепак, италијанските трупи ја нападнаа Грција уште во 5:30 часот. Адолф Хитлер тогаш беше на пат. Тој прво отиде кај Франциско Франко за да ја придобие Шпанија да се приклучат на силите на Оската. Тој не успеал. Се враќал дома преку Виши, каде сакал да го убеди Петен на поголема покорност. Го добил писмото на Бенито Мусолини во кое го известува дека има намера да ја нападне Грција. Кога Хитлер го прочитал писмото, тој предложил разговор во Фиренца, на 28 октомври. Кога Хитлер излегол од возот во Фиренца тој ден, Мусолини триумфално извикал: „Фирер, маршираме!“

Благодарение пред сè на нивната авијација, која беше шест пати побројна од грчката, Италијанците постигнале успех во првите денови. Со една оклопна дивизија и две засилени пешадиски дивизии нападнаа од југозапад. На североисток, имаше три засилени италијански пешадиски дивизии. Во централниот дел на фронтот, планинска дивизија се обиде да ги пробие планините Пинда за да стигне до Метсовон. Од таму, имено, имаше повеќе проодни патишта на кои тие можеа поуспешно да ги користат своите тенкови. Борбите во центарот беа решавачки на крајот. Тогаш началникот на грчкиот Генералштаб, генералот Александар Папагос, издаде наредба што потсетува на борбата на Старите Грци против Персијците. Ноќта помеѓу 9 и 10 ноември грчките војници се искачиле на падините на Пинд, оставајќи го центарот целосно незаштитен. Кога се разденило, Грците го нападнале крилото на алпската дивизија „Јулија“, оставајќи ранети и многу воен материјал, а остатокот од италијанската дивизија морал да се повлече во Албанија. Влијанието на оваа грчка победа се рефлектирало и врз другите делови на фронтот. Ситуацијата на фронтот многу брзо се сменила, толку многу што Грците наскоро можеле да започнат контраофанзива на 14 ноември. Нападите на грчката војска најпрво започнале на граничното подрачје кон Југославија. Грчките трупи напредувале на Западниот фронт речиси без никакво одлагање. Италијанците добивале сè повеќе засилувања, па наскоро грчката контра-офанзива била запрена. Паузата траела до 8 декември, кога Грците повторно нападнале. Италијанците биле туркани подалеку и западно.

На 22 ноември во Рим владеела целосна паника. На 5 декември, Мусолини, преку италијанскиот амбасадор во Берлин, испратил итно барање да изнуди каква било помош од Германците. Во меѓувреме, Грците сè повеќе напредувале. На североисток, тие го окупирале градот Поградец, во центарот биле пред сообраќајната клучка Клисура, на југозапад го обиколиле албанското пристаниште Химара. Мобилизацијата на ново демобилизираните лица започнала повторно во Италија.

Загриженоста за грчките успеси растеше во Берлин, особено откако британската авијација и даде одредена поддршка на грчката армија. Германците почнаа да стравуваат за нафтените полиња во Романија. Следуваше период на тајни преговори меѓу Метаксас и Хитлер, кој сепак ги отфрлија германските услови за посредување.

На Хитлер во тоа време му беше јасно дека тој сепак ќе мора да смета на војната на Балканот. Уште на 18. ноември тој и нареди на Врховната команда да изготви оперативен план за напад врз северна Грција и евентуално на целата земја.

На албанскот фронт во меѓувреме грчкиот напад се одвивал поспоро. Трупите биле премногу далеку од своите бази, така што снабдувањето станало тешко. Сем тоа Грците ги исцрпија своите резерви, додека новите постојано пристигнуваа на страната на Италијанците. Сепак, недостасуваше успехот, кој му беше потребен на Мусолини толку многу. Кога на 19. јануари 1941 година решил да појде во Германија на разговор со Хитлер, дознал дека неговата најдобра девизија „Тоскански волци” била срушена.

Во јануари 1941 година, грчкиот генерал Метаксас починал ненадејно, но тоа немало посебен ефект врз грчката војска. На почетокот на март, Италијанците започнале офанзива и се обиделе да возвратат, но набрзо биле запрени. После ова, стабилизираната борбената линија останала непроменета до почетокот на германскиот напад врз Грција.

Remove ads

Италијанска катастрофа

Причините за италијанската катастрофа се многу: тотална неподготвеност на војската за војна, тотално потценување на грчката војска, премали сила за инвазија на многу тежок терен, неискористување на првичната иницијатива и она што ги придружуваше италијанските војници насекаде на боиштата - релативно низок борбен морал.

Поврзано

  • Балкански поход

Белешки

  1. Италијанска инвазија на Грција
  2. Грчките вооружени сили потпишале примирје со Италија и Германија на 23 април 1941, но борбите помеѓу силите на Оската и грчките сили продолжиле до крајот на битката за Крит.

Наводи

Loading content...

Литература

Надворешни врски

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads