Данинг-Кругеров ефект

когнитивна пристрасност во која некомпетентните луѓе имаат тенденција да се проценуваат како квалификувани From Wikipedia, the free encyclopedia

Данинг-Кругеров ефект
Remove ads

Данинг-Кругеров ефект (англиски: Dunning–Kruger effect) — когнитивна предрасуда каде што лицата со помала вештина страдаат од илузиорна надмоќност, погрешно проценувајќи ја сопствената способност како многу поголема отколку што таа навистина е. Данинг и Кругер ја припишуваат оваа предрасуда на метакогнитивна неспособност, каде што оние со помала вештина, не можат да ја препознаат нивната неспособност и прецизно да ја одредат нивната компетентност. Нивното истражување, исто така, сугерира дека често лицата со поголема вештина ја потценуваат сопствената компетентност и може погрешно да претпостават дека задачите кои се лесни за нив исто така се лесни и за другите; со други зборови, тие претпоставиле дека другите би биле исто компетентни колку и тие самите, ако не и повеќе.[1]

Thumb
Дијаграм на Данинг-Кругеровиот ефект

Данинг и Кругер тврдат дека ефектот е резултат на внатрешна илузија кај оние со помала вештина, како и надворешна погрешна перцепција на оние со голема вештина: "погрешната проценка на некомпетентните произлегува од погрешно размислување за самите себе, а погрешната проценка на компетентните произлегува од погрешно размислување за другите."[1]

Remove ads

Оригиналната студија

Феноменот за првпат бил забележан во низа на експерименти изведени од страна на Дејвид Данинг и Џастин Кругер од одделот за психологија на Универзитетот Корнел во 1999 година.[1][2] Студијата била инспирирана од случајот на МекАртур Вилер, човек кој ограбил две банки, откако во заблуда го намачкал лицето со сок од лимон убеден дека сокот од лимон се користи како невидливо мастило; тоа ќе го скрие неговото лице од безбедносните камери.[3] Авторите истакнале дека претходните студии сугерираат дека незнаењето на стандардите на изведба во голема мерка се сведува на неточни само-проценки на компетентност.

Оваа шема на преценување на компетентноста била сретната во студии на повеќе вештини како што се читање со разбирање, практикување на медицина, управување со моторно возило и играње на игри како што се шах или тенис. Данинг и Кругер претпоставиле дека за дадена вештина, некомпетентните луѓе:[4]

  • не успеваат да го препознаат нивниот недостаток на знаење и вештина
  • не успеваат да го препознаат степенот на нивната неспособност
  • не умеат точно да ја проценат вештината на другите
  • го препознаваат и признаваат нивниот недостаток на вештина само откако тие се изложени на обука за таа вештина.

Данинг и Кругер аналогно на дотогашните истражувања почнале да ја изучуваат и – "аносогнозија од секојдневниот живот"[5][6] – состојба во која едно лице кое доживува физичка попреченост, поради мозочни повреди, не е свесно или го негира постоењето на попреченост, дури и во облици како што се слепило или парализа: "Ако сте неспособни, не можете да знаете сте неспособни... Вештините кои ти се потребни за да се добие точен одговор се токму тие вештини кои ти се потребни за да го препознаеш вистинскиот одговор."[5]

Последователна студија, објавена во истиот труд, сугерира дека многу некомпетентните студенти ја подобрија нивната способност да го проценат нивниот ранг по минимално подучување во вештините кои тие претходно ги немале, без оглед на подобрувањето стекнато во вештините.[1]

Remove ads

Награда

На Данинг и Кругер им била доделена сатиричната Иг Нобелова награда во областа на психологијата за нивниот скромен извештај, 'Неквалификувани и несвесни за тоа: 'Како потешкотиите во препознавањето на сопствената неспособност доведува до надуени само-проценки'.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads