Даре Џамбаз

македонски фармацевт, борец и државник From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Божидар (Даре) Џамбаз (1 октомври 1911 во Прилеп27 јануари 1981 во Скопје) — македонски фармацевт, борец и државник.[1]

Кратки факти Даре Џамбаз, Министер за финансии ...
Remove ads

Животопис

Дипломирал фармација во Загреб во 1935 година. Веднаш по окупацијата на земјата во 1941 година стапил во НОБ и бил активен борец. Бил уапсен од бугарските власти и интерниран во Бугарија (1942-1943).

По Втората светска војна бил член на АСНОМ - на Третото заседание во 1945 година, министер за финансии во владите на Лазар Колишевски од 1946 до 1953 година, како и во Владата на Љупчо Арсов од 1953 година.

Бил претседател на РССНМ, претседател на Планинарскиот сојуз на Македонија, а вршел и други општествени и политички раководни функции. Тој е еден од основачите на Републичкиот Црвен крст на Македонија и негов долгогодишен претседател до неговата смрт.[2]

Во негова чест, Домот на хуманитарни организации во Скопје и планинарскиот дом на Водно го носат неговото име.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads