Планинарски дом „Даре Џамбаз“

From Wikipedia, the free encyclopedia

Планинарски дом „Даре Џамбаз“map
Remove ads

„Даре Џамбаз“планинарски дом на десетина метри под врвот Крстовар на планината Водно над Скопје. Од планинарскиот дом се гледа целата панорама на градот Скопје, Скопската Котлина, Шар Планина и Скопска Црна Гора. Домот е оддалечен од градот 1-2 часа пешачење. До него може да се пристигне по повеќе пешачки патеки кои доаѓаат од Скопје и водат кон домот. Некои од патеките се обележани. До домот води и асфалтен пат од градот Скопје преку кој може да се пристигне со моторни возила до самиот врв Крстовар, сообраќајот е регулиран со временски ограничувања.[1] Домот го носи името на Даре Џамбаз — еден од основоположниците на планинарството во Македонија.

Thumb
Планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот Крстовар на планината Водно над Скопје
Thumb
Месдтоположба на ПД „Даре Џамбаз“ во рамките на Скопје и околината
Remove ads

Историјат

Домот почнал да се гради 1950 година од страна на Планинарскиот сојуз на Македонија, од цврст материјал, камен и вар. Предаден е во употреба 1952 година[2]. Домот кој е на КП бр.1 место наречено Голема Стена на К.О. Горно Соње, е сопственост на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија (или поранешниот Планинарски сојуз на Македонија) врз основа на правосилна пресуда на Општинскиот суд Скопје 1. Домот е изграден во текот на 1955 година. Во самата пресуда е утврдено дека со Планинарскиот дом од 1963 година до денес управува Планинарското друштво „Бистра“ Скопје[3].

Remove ads

Опис на домот

Домот има приземје, кат и подрумски простории. Покриен е со поцинкуван лим. Подрумските простории не се користат за планинарски цели. На приземјето има голема просторија која може да прими околу 70-100 лица, просторија за пресвлекување на посетителите, една просторија во која се чуваат разни материјали потребни за кујната и една кујна во која главно се подготвува чај, по потреба во неа може да се подготвуваат и јадења. На катот се наоѓа една просторија во која се сместени околу 22 кревети а има место да се постават и јоги душеци за поголем број на корисници. Покрај оваа просторија има уште две помали кои се користат за помошни работи. Домот има електрично осветлување и вода во кујната. Тоалет има надвор од домот.

За планинарите домот е отворен од петок навечер до недела навечер, кога дежураат членови од Планинарското друштво „Бистра“ кое и управува со домот. Инаку има постојан чувар кој може да обезбеди пристап во домот и сместување по потреба.

Thumb
Табла со натпис за заземањето на германскиот бункер на ова место од XII бригада под команда на Трајко Стојковски - Бузо.
Remove ads

Можни излети

Поврзано

Галерија на слики

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads